Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо либерализација, монопол – државата ги презема онлајн игрите на среќа, пракса што се напушта во европските земји

0
By Xhabir Deralla on July 29, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со новиот предлог-закон за игрите на среќа и за забавните игри, кој пред две недели беше усвоен на владина седница, се предвидува целосен државен монопол во приредувањето на игрите на среќа онлајн, предупредуваат легалните приредувачи на игри на среќа.

Во предлог-законот, конкретно во член 7, се предвидува онлајн игрите да ги организира исклучиво државно трговско друштво. Тоа значи дека приватните оператори, иако со години работат со лиценци и под строги регулативи, ќе бидат целосно исклучени од пазарот.

Со новиот предлог закон, како што велат од АСОМ, освен што се нарушува конкурентноста на пазарот, новото законско решение сериозно го загрозува и опстојувањето на лиценцираните оператори, кои досега дејствуваа целосно транспарентно и во согласност со законските регулативи. Од Асоцијацијата предупредуваат дека ваквите рестрикции ќе го поттикнат развојот на нелегалниот пазар и ќе ја нарушат безбедноста на играчите.

Дополнително, според проценките на АСОМ, државата би можела да загуби над 280 милиони евра годишно во јавни приходи кои моментално се обезбедуваат преку лиценци, давачки и други обврски што ги исполнуваат легалните приредувачи.

Секторот вработува 10.000 лица, а индиректно обезбедува егзистенција за десетици илјади граѓани. Дополнителните ограничувања, како високите лиценци, одредбите за растојание во комбинација со исклучувањето на приватните лиценцирани компании од онлајн игрите на среќа, отвораат сериозни ризици за работните места и стабилноста на целата индустрија.

Од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) неколкупати остро реагираа на ваквиот потег, нагласувајќи дека со исклучувањето на лиценцираните приватни оператори се нарушува пазарната рамнотежа и се прави отстапка од европските регулаторни практики кои се движат кон отворени и конкурентни пазари.

Наспроти ова, најголемиот број европски држави веќе одамна функционираат со модел на мулти-лиценцирање, во кој повеќе оператори имаат еднаков пристап до пазарот, а државата ја задржува контролата преку јасна регулатива. Пример за ова се Шведска, која целосно го либерализираше пазарот, и Финска, која е во процес на укинување на својот државен монопол за онлајн игрите на среќа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.