Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо погреб – потрага по телото: маките на донаторите на органи

2
By Менче Атанасова Точи on June 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Семејството Златеви од Кавадарци не сонувале што ги очекува кога се согласиле да ги донираат бубрезите од  59 годишната Верка која починала ненадејно, од анеуризма. Братотот и сестрата без размислување се согласиле да ги донираат бубрезите, кога биле прашани дали ќе ги донирани органите од нивната мајка, раскажува за НОВА, Диме Златев, син на починатата.

„Мајка ми имаше клиничка смрт. Во понеделник ми се јави сестра ми и ми кажа дека и се доближила Софијанова и ја прашала дали ќе дозволиме да се донираат два бубрега, за да с е спасат два детски животи. се согласивме и се договоривме за погребот да биде утредента“, вели за НОВА, Диме Златев, син на починатата.

Златев тврди дека Софијанова им објаснила дека според правилата погребот ќе биде платен од државата и ветила дека телото на неговата мајка ќе биде транспортирано до капелата во Кавадарци. Но, телото на починатата не стигнало на погребот каде биле собрани роднините и пријателите. По долго чекање луѓето си заминале, погребот бил откажан, цвеќето и венците фрлени.

„Погребот беше во вторникот и телото не се појави, го изгубиле. Се јавив на Судска медицина ми рекоа дека се заглавило во лифтот. Пријавив во полиција, го најдоа телото во Бутел така фрлено. Беше договорот да ја донесат облечена како што доликува за еден донор, а ја донесоа во бел чаршав искасапена целата. Вечерта дојде Софијанова за да се оправда“, вели Диме Златев.

Диме вели по ова институциите си ја префрлале топката едни со други. Горд е што направиле хумано дело и спасиле два живота, но вели дека  траумите поради неажурноста на надлежните ќе останат за цел живот.

„Документот каде што потпишавме дека ги донираме бубрезите го нема никаде. Десет пати одев во Скопје з а  да побарам документ, изнадавав пари во адвокати за да ја истерам работата, да добијам некаква потврда дека донираме органи, но ништо. Тие си ја префрлаа топката едни со други, потоа ветуваа дека ќе ни помогнат, дека ќе не вработат, ништо од сето тоа“, тврди Златев.

Доктор Аспазија Софијанова тврди дека случајот немал врска со неа, иако таа е Национален координатор за трансплантација и ги договарала работите. Таа вината ја посочи во Институтот за судска медицина за кои вели дека задоцниле со обдукцијата, па телото не стигнало на погребот. Но негираше дека било изгубено, па најдено во капелата во Бутел.

„Прво ме чуди зошто по две години сега се отвора случајот, која е целта. Процедурата е телото да оди на обдукција за да се потврди дека се земени бубрезите, но не е вистина дека се изгубило. На судска медицина имале многу работа и телото задоцни на погребот. Единствено, признавам дека е направена грешка е што не беше облечена,но тоа требало да го сторат во судска медицина“, рече Софијанова за НОВА.

Трансплантацијата од починат донор требаше да ги стимулира граѓаните да ги даваат бубрезите од своите блиски. Иако беше донесен законот,  трансплантацијата стагнираше изминатите години.  Досега се направени само осум кадаверични трансплантции.

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.