НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо полиција, другарите го барале загинатиот Коста

0
By Менче Атанасова Точи on August 27, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пријателите и семејството на  младиот кавадарчанец Коста Стојанов кој загина со мотор на враќање од Струмица,  на патот Демир Капија – Неготино, се револтирани заради инертноста на македонската полиција, за која велат дека не се вклучила, ниту помогнала во потрагата ноќта на 21 август кога тој исчезна со својот мотор.

Негови пријатели и другари за НОВА тврдат дека полицијата не сторила ништо кога повеќе од 10 часа  организирани со 60 возила моторџиите од цела држава таа ноќ го пребарувале теренот, се додека не го пронашле на пет километри од  Демир Капија.

10153919_10202202613985381_6322251424223148004_n

Неговиот другар Влатче Стојчев кој последен разговарал со него на собирот на моторџии во Струмица, ноќта пред исчезнувањето, за НОВА вели дека неговите родители се во шок и се револтирани бидејќи полицијата не се вклучила во потрагата по нивниот син, а не се обиделе ниту да го лоцираат по мобилен телефон иако им било нагласено дека можеби е некаде повреден и бара помош.

„Бевме како браќа, јас последен го видов и разговарав со него, но не успеав да го убедам да не се враќа сам од Струмица. Кога исчезна, во полициските станици каде пријавуваме и се обраќавме за помош наидовме на одбивање да помогнат во потрагата. Неговите родители го пријавија случајот во полицијата во Кавадарци и побараа помош, потенцирајќи дека е со мотор, дека можеби му треба помош, а од таму добија одговор  „сами барајте го, ќе го најдете“. Тогаш се организиравме сами моторџиите  од повеќе градови, околу 60 возила. Го баравме со батериски ламби, ноќта по патиштата и грмушките покрај патот. Од полиција не сакаа да го лоцираат по телефон, ниту да не придружуваат со нивно возило напред, да не заштитат таа ноќ на автопатот“, раскажува за НОВА, неговиот другар Стојчев.

190366_480933325260862_393190072_n

Телото на младиот Коста е пронајдено по повеќе од 10 часа потрага на пет километри после Демир Капија. Пријателите го нашле утрото на 22 август во 05:40 часот меѓу грмушките, излетал околу 30 тина метри од патот. Ја повикале полицијата која направила увид. Но, јавен обвинител не излегол на местото на несреќата.

„ Викнаа брза помош, лекарот констатира смрт. Јавен обвинител не дојде, немал возило. По телефон ни соопшти сами да го земеме и однесеме телото. Полицијата направи увид, но ништо од неговите лични предмети не земаа. Ние ги собиравме предметите од другата страна на патот. Некои работи отвораат сомнеж дека можеби нешто се случило таа ноќ, сакаме да знаеме дали имало и друго возило кое учествувало во несреќата. Затоа бараме истрага за случајот. Но она што е најважно и што најмногу не боли е инертноста на полицијата за која сакаме да дознае цела македонска јавност “вели Стојчев за НОВА.

Врз телото на момчето е извршена обдукција но, резултатите се уште не се добиени.

Од СВР Велес велат дека во полициската станица во Кавадарци бил пријавен исчезнатиот Коста, кој бил со мотор заедно со неговите пријатели на мото собир во Струмица, по што биле превземени мерки за пронаоѓање на момчето.

„Веднаш по примената пријава превземени се мерки за пронаоѓање на лицето, распишана е централна објава и известени се сите полициски службеници на терен како и соседните полициски станици , заради преземање мерки за пронаоѓање на лицето. Законската регулатива во делот на постапување на полицијата во вакви случаи е содржана во Закон за полиција (чл.51) и Правилник за вршење на полициски работи (чл.28 и 29)“, се вели во одговорот на СВР Велес.

Од таму потенцираат дека сите служби  кои во тој момент биле на работа,  почнале со потрага и проверка на терен.

“Во конкретниов случај, пријавено е дека лицето последен пат е забележано во Струмица на мото собир и претпоставките биле  дека истиот е исчезнат на пат кон Кавадарци. Откако  полициските службеници се известени за исчезнатото лице, сите служби на терен започнале со потрага (мотопатроли, пожарникари и останати полициски службеници кои во моментот вршеле служба)“, се вели во одговорот на СВР Велес.

мвр

Пријателите и другарите на Коста спротивно на ова, тврдат дека немало никаква потрага од страна на полицијата. Тие велат дека не виделе такво нешто.

„ Не е точно дека го барале, никого не видовме на терен, сами го најдовме, сами си го земавме. Ние им се јавивме во полиција да дојдат да направат увид кога го пронајдовме и дури тогаш дојдоа“, дециден е Стојчев.

Што крие законската регулатива: Зошто исчезнатите се наоѓаат кога е предоцна?

Случајот со младиот кавадарчанец по кого трагаа цивили го отвора прашањето за ефикасноста на полицијата во вакви случаи. Познавачите на оваа проблематика велат дека ова не е единствениот ваков случај, а во јавноста се познати повеќе случаи во чија потрага полицијата се вклучила кога било предоцна, кога исчезнатите биле пронајдени мртви, во фаза на распаѓање.

Проблемот со исчезнати лица е глобален проблем, а во последните години ескалираше и во Македонија, вели за НОВА Александар Диневски приватен детектив.

„ Сеуште не се рaсветлени судбините нa исчезнaтите зa време нa кoнфликтoт, нa Бети Грнчaрoскa oд Тетoвo, Дoбре Тaсев, Неџaт Арифи и мнoгу други. Причините зa исчезнувaње се нaјрaзлични и нaјчестo пoсебни зa секoј пoединечен случaј. Вo мoјaтa прaксa кaкo привaтен детектив вoдев некoлку истрaги зa исчезнaти лицa. Oнa штo мoжaм дa гo кoнстaтирaм е декa вo вaкви случaи не пoстoи сooдветнa реaкцијa нa сooдветните држaвни oргaни пред се’ нa МВР, судoт, oбвинителствoтo. Нaјчестo aктивнoстa се сведувa нa прием нa пријaвa зa исчезнaтoтo лице, летимични прoверки ден- двa пo нaстaнoт и прoверки вo евиденцијaтa нa исчезнaти лицa пo евентуaлнo прoнaoѓaње нa леш“, вели Диневски за НОВА.

Dinevski-01-620x412

Тој  потенцира  дека е евидентнo зaкoнскoто oгрaничувaње зa aктивирaње нa oвoј сектoр штo е нерaзбирливa пречкa. Поучен од своето долгогодишно искуство, Диневски смета дека треба да се направат радикални промени во законската регулатива за побрзо активирање на полицијата во вакви случаи.

„Неoпхoднo е рaдикaлнa рефoрмa нa oвoј сектoр вo МВР сo изменa нa зaкoнските прoписи вo прaвец нa тoa зa пoбрзo (веднaш!) aктивирaње нa службите, oпределувaње нa пoгoлеми oвлaстувaњa (вклучителнo и исклучoци oд пoстoјните oдредби), кaдрoвскo екипирaње и мaтеријaлнo техничкo oбезбедувaње. Нa тoј нaчин сo ефикaснa и итнa aкцијa нa oвие служби би се спaсиле мнoгу живoти или рaсветлиле тешки кривични делa“, вели Диневски.

НОВА се обиде да дојде до податоци  во колку случаи полицијата се вклучила веднаш по пријавувањето на исчезнатите лица, колку од нив ги пронашла, колку се живи, а колку починати. Но, до такви податоци беше невозможно да се дојде.

Статистиката на МВР говори дека во 2014 та година централна објава на ниво на држава и граничните премини имало по 172 исчезнати лица, од кои по 18 се уште се трага. Во 2015 та година имало потрага по 150 исчезнати лица, 13 од нив се уште не се пронајдени. Во првата половина на 2016 та година до сега исчезнати се  66 лица, по 12 од нив уште се трага. Овие крути статистички податоци на МВР не даваат јасна слика кога полицијата се вклучила во потрагата(веднаш или по  24 часа), колку од исчезнатите се пронајдени живи, колку починати и кој ги пронашол, семејството или полицијата.

„ При секоја примена пријава за исчезнато лице се прави проценка од страна на полицискиот службеник и се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Има случаи кога пријавувачот наведува локации каде исчезнатото лице би можело да се наоѓа  и согласно добиените информации се постапува.  Во случаи кога имаме потесно подрачје на кое има сознанија дека исчезнатото лице се наоѓа или конкретен случај (како последниот случај на исчезнато лице во близина на езеро Младост во Велес, кога беше наведено дека можно е лицето да се наоѓа во водите на езерото, веднаш беше повикана единица за нуркање од Единицата за специјални задачи при МВР, и по пребарување на езерото лицето беше пронајдено), тогаш согласно проценката и теренот кој треба да се пребарува се активираат и други служби заради пронаоѓање на лицето“објаснуваат од МВР.

Сепак, ваквиот одговор не дава вистинско светло за тоа што се случува во праксата.

12743931_571970896289968_7781051931509498848_n (1)

Во практисата често се случува полицијата да бара да е поминат одреден рок од времето кога одредено лице е последен пат видено за да го прогласи за исчезнато и да започне со преземање на оперативно-тактички мерки и истражни дејствија за пронаоѓање на исчезнатото лице, објаснува за НОВА, Павле Богоевски криминолог.

„Овој рок варира и најчесто се движи од 24-48 часа. Проблемот е во тоа што не постои никаква законска заснованост на ваквото непостапување или одложено постапување на полицијата. Во полициското право во РМ, не постои законска или подзаконска одредба која им наложува на полициските службеници да чекаат одреден период пред да почнат да трагаат по лицето кое е пријавено за исчезнато. Како резултат на тоа, различните Сектори за внатрешни работи во РМ постапуваат различно во овие ситуации, најчесто врз основа на писмени или усни упатства и насоки на ниво на СВР. Таму каде што овие упатства и насоки не постојат, полицискиот службеник најчесто постапува по свое убедување“, објаснува Богоевски за НОВА.

Според него, проблемот со овој пристап е дека полициските службеници немаат законски дефинирана обврска за постапување согласно начелото за итност, дури и во оние случаи каде граѓаните  ќе наведат дека исчезнатото лице можеби се наоѓа во опасност (како резултат на здравствената состојба, учество во сообраќајот, или други околности).

„Ова често резултира со неуниформирано и често ненавремено постапување и огромна опасност по животот и здравјето на исчезнатите лица, посебно во итните случаи. Поради тоа, потребно е интервенција во чл. 51 од Законот за полиција и законско допрецизирање и стандардизирање на постапките за распишување на потерница, распис и објава, како основни мерки за трагање по лица и предмети.

Богоевски објаснува дека со овие членови е предвидено полицијата да може да трага по лица и предмети (вклучително и исчезнати лица) (чл 51 од Закон за полиција)  и дека веднаш по примањето на пријавата за исчезнато лице, полицискиот службеник ги презема потребните мерки и дејствија (чл. 28 од Правилникот).

„Но, практиката покажува дека полициските службеници одбиваат да земат пријава во рок пократок од 24 или 48 часа од моментот кога исчезнатото лице е видено последен пат. Што е спротивно токму на чл. 28 од Правилникот“, вели Богоевски.

Неофицијално,  СВР Скопје има  усни упатства издадено до полициските станици да постапуваат веднаш по пријавувањето. Дали се придржуваат кон овие упатства секогаш, е дискутабилно.  Нема информации дали другите полициски станици имаат вакви усна наредба и дали ја почитуваат.

Tan2014-8-7_105516551_22-620x350

Крутите законски регулативи се проблем и во други држави.  Но, за разлика од кај нас каде со години ништо не сменето, таму  се менуваат одредени членови од законите за да се овозможи потрагата по исчезнатите да започне веднаш, без одлагање, најчесто поучени од лошото искуство со некои случаи. Дури некои закони добиваат име по некој неуспешно завршен случај.  Најсвеж пример е соседна Србија кога во јули минатата беше променет Законот за полиција и усвоен т.н „Тијанин закон“, кој го доби името по малата Тијана која беше пронајдена предоцна, силувана и задавена.  Според овој закон полицијата е должна  по пријавата за исчезнато лице, без одлагање веднаш да ги искористи сите расположливи мерки и сили за да се обезбеди ефикасна полициска истрага. Законот предвидува во потрагата да се вклучат специјални полициски единици во кои ќе се најдат најдобрите кои ги поминале психофизичките проверки.

Според познавачите на проблематиката, последниот случај со младиот кавадарчанец Коста чие тело беше пронајдено дури  по 10 часа потрага од страна на цивилни лица,  покажува дека е крајно време да се промени законската регулатива со што ќе се интервенира навреме, а со тоа ќе се спасат многу животи.

 

закони исчезнат полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.