Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо роденден во Лондон, донација во училиштето во Трново – хуманоста измамува насмевки кај дечињата

0
By Нова ТВ on October 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долгогодишната уредничка на Македонската редакција на Би-Би-Си во Лондон, новинарката со битолско потекло Жанета Скерлев денес заедно со својот сопруг дојде во посета на подрачното училиште „Др.Трифун Пановски“ во битолското село Трново. Заради ситуацијата со пандемијата со КОВИД-19 учениците и наставниците ја пречекаа Скерлев во школскиот двор.

Една од причините за посета на училиштето беше донација, нешто што Скерлев во континуитет го прави подолго време.

„Морам да искажам огромна благодарност Жанета Скерлев, затоа што со својата хуманост со она што го направи навистина успеа да измами насмевки и радости кај самите дечиња. Јас верувам дека великодушноста пред се е личен избор и дека е благослов на онај што дава и оној што прима. Великодушноста и самата големина на Жанета Скерлев е во тоа што таа се откажа во нејзиниот роденденски подарок и истиот го пренамени во целосна опрема за нашето училиште, рече наставничката Ленче Илиевска.

Ја прашавме Скерлев како започна целата приказна.

„Целата приказна почна кога нашите комшии имаат две деца кои што учат во ова училиште и не викнаа ајде дојдете имаме приредба. Бевме пријатно изненадени колку сето ова во скудни услови успеа учителката да го направи како нешто што не потсети на она што го гледавме во Лондон од нашите пријатели и си рековме мора да изнајдеме начин да им направиме нешто на овие деца . Тогаш што да ви кажам , ѕидовите беа излепени со цртежи за да не се гледаат испукнатините на ѕидовите, греењето беше на ќумбе кое се обидуваше некако да внесе топлина, меѓутоа мислам дека најголемата топлина беше од напорот на учителката Ленче“, рече Жанета Скерлев.

По разговор со сопругот што е она што можат да го направат за дечињата, а во пресрет на нејзиниот роденден решила да направи донаторска акција, каде што нејзините пријатели место роденденски подарок ќе донираат средства за учлиштето.

„Во Англија постои таков обичај да се донираат пари за разни цели и решивме за мојот роденден да им кажам на моите пријатели не ми купувајте подароци, нема да организирам веселби, семејни прослави , туку ќе отворам на фејзбук една посебна страница на која ќе ми донирате, кој колку сака и може. Во рекорден рок од околу месец и половина собрав некаде околу 1000 фунти. Им кажав на луѓето за што ми се парите, а Ленче ја прашав што им треба, таа ми рече дидактички материјали“, рече Скерлев.

Откако ги собрала средствата, пред да почне пандемијата со Ковид 19 дошла во Трново каде заедно со наставничката Ленче отишле да ги набават потребните материјали кои што им се неопходни на учениците за да можат полесно да ја следат наставата. Денеска донесоа телевизор, а за донацијата да биде комплетна тие заедно со сопругот донираа звучници. Минатата година за училиштето донираа и комјутер.

„Со Ленче ја помогнавме битолската економија. Низ битолските продавници и книжарници отидовме да купиме се. Денеска го донираме последното, она што го ветивме од парите кои што ги собравме го зедовме телевизорот“, додаде Скерлев.

За сите нив денеска беше радосен ден.

„Денешниот ден посебно е радост затоа што децата телевизорот го очекуваа со нетрпение. Ако порано импровизиравме и правев најчесто од отпадни материјали, сега условите за работа се на многу високо ниво“, рече наставничката Илиевска.

Во знак на благодарност Скерлев од директорот на училиштето Пецо Димовски доби благодарница.

Во подрачното училиште „Др.Трифун Пановски“ во с.Трново наставата ја следат 12 ученици од прво до петто одделение.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.