Штом е премиерот вон државата, значи дека следат непријатни вести за Македонија, изјави денеска Нано Ружин од ЛДП упатувајќи на неуспехот кој Македонија го доживеа во Брисел на заседавањето на Европскиот самит, со тоа што не беше ставена на дневен ред.
– Виновникот за таквата состојба не треба да се бара во соседството туку во самата држава и
во нашата анемична власт. И на владините коалициони партнери им е јасно што се случува со Македонија – истакна Ружин.
– Алармот и црвените светла во Брисел се запалиле. Македонија повеќе не добива ниту пријателско тапкање по рамо, ниту критики. Едноставно повеќе ја нема Македонија во Европа, вели Нано Ружин од ЛДП, кој предупреди дека ризикуваме да го загубиме и кандидатскиот статус, по неуспехот кој Македонија го доживеа во Брисел на заседавањето на Европскиот самит
Уназадувањето на Македонија на патот кон Европа е поради континуираното непочитување на демократските одредби од страна на Владата, состојбата со владеењето на правото, ограничувањето на слободата на медиумите и случајот со 24 декември, вели тој.