Франција остро го осуди атентатот врз амбасадата во Триполи. Француската амбасада во Триполи била погодена од автомобил бомба, јавија Ројтерс.
Двајца француски чувари биле повредени во експлозијата која причинала значителна штета на зградата на Амбасадата.
Франција ќе соработува со либиските власти во разјаснувањето на околностите околу атентатот и идентификацијата на сторителите, изјавил за француските медуими министерот за надворешни работи Лоран Фабиус.
Дипломатските мисии се цел на напади во Либија, но ова е птрв напад во Триполи по остранувањето од власт на полковникот Муамер ел Гадафи.