Непознати лица денеска отворија оган врз Амбасадата на Русија во либискиот главен град Триполи, а во инцидентот нема повредени дипломати, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Либиските медиуми тврдат дека Амбасадата на Русија во Триполи била нападната од Либијци кои биле лути поради убиството на офицер од страна на Русинка, но се уште не се идентификувани.
Според локалните медиуми, Русинката пред истражен судија изјавила дека го убила 58-годишниот офицер на либиските воено-воздухопловни сили бидејќи тој го поддржувал вооруженото востание во 2011 година, со кое беше соборен Муамер Гадафи.