Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напуштените рудници се потенцијална „еколошка бомба“

0
By Нова ТВ on July 15, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Охис, Лојане, велешка Топилница – се уште ја трујат Македонија. Што прави државата со „опасните“ рудници ?! Во отсуство на државна интервенција напуштените рудници сe уште се потенцијална „еколошка бомба“, објавува Фактор.

Од Министерството за животна средина објаснуваат дека празните каси, слабата имплементација на законите и недоволно стручните кадри се главните причини за децениското невешто справување со еколошките бомби, предизвикани од отворените рудници и индустрискиот отпад во земјава.

Олово, арсен, кадмиум и други канцерогени елементи со години „ги трујат“ граѓаните кои живеат во близина на отворените рудници и индустрискиот отпад во земјава. Охис, отворениот рудник кај Лојане, велешка Топилница, индустриската депонија кај Јегуновце и уште 15 други рудници и индустриски капацитети се потенцијални еколошки бомби во одредени делови од Македонија.

Токму неправилното менаџирање со опасниот отпад во фабриките, отворените и напуштени рудници може да предизвика експлозија, што за земјава би било еколошка катастрофа. Но, еколошките филтри и санацијата на опасните жаришта како да не се приоритет ниту за државата, ниту за инвеститорите?!

Невладините организации неодамна повторно го кренаа гласот против жешките еколошки точки во земјава. Бараат државата повеќе да не им прогледува низ прсти на инвеститорите кои го загадуваат воздухот и водата и неправилно го складираат индустрискиот отпад.

„Проблемот се провлекува повеќе од 20 години. Уште во 70-тите години во околината на Пробиштип имавме една еколошка катастрофа. Пукна јаловишната депонија и се слеа во околината. Истражувањата кои беа направени за околното земјиште покажаа дека целото течение на реката во близина на депонијата е контаминирано и таму не смее да се одгледува никакви земјоделски производи“, изјави Марија Бошковска од општина Пробиштип.

И последната анализа на Организацијата на Обединетите нации за жешките точки во Македонија покажа дека опасни, канцерогени материи се уште се присутни длабоко во земјата, водата, воздухот. Само санацијата на контаминираното земјиште кај Охис, на велешката Топлиница и рудникот Бучим, оценети како жаришта со најголем ризик, се проценуваат на околу 20 милиони евра. Отстранувањето на ризиците и отровите од рудниците Саса, Лојане, Силмак, Тораница, Злетово и РЕК Битола се проценува на околу 40 милиони евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.