Анита Ангеловска-Бежоска: Народната банка стана дел од Алијансата за финансиска вклученост АФИ, мрежа на централни банки и финансиски регулатори чија цел е да се унапреди финансиската вклученост.Вво изминатиот период, финансиската вклученост кај нас е значително зголемена, и тоа во различни демографски групи. Тоа се должи на напорите и залагањата за олеснување на пристапот до финансиските услуги, како и за финансиска едукација на населението.
Според податоците објавени од базата на Светската банка „Финдекс“, процентот на населението постаро од 15 години со пристап до финансиска сметка е зголемено од 74% во 2014 година на 85% во 2021 година. Има висок раст и кај дигиталните плаќања, особено кај младите на возраст од 15 до 24 години кај кои од 2014 до 2021 година бројот на реализирани дигитални плаќања е зголемен за една третина .