Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем

0
By Marija Todorovska on November 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 7, 2024 13:38

Народната банка не знае детали од разговорите меѓу банките и Владата за унгарскиот заем и воопшто не е вклучена во овој процес. Ќе може да излезе со став откако ќе има подетални сознанија, рече денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

-Не сме вклучени во овој процес. Не ги знаеме деталите од разговорите. Кога ќе имаме подетални сознанија за разговорите и договорот меѓу банките и Владата, тогаш ќе можеме да излеземе со наш став, рече Ангеловска-Бежоска, одговорајќи на новинарски прашања, откако ги презентираше есенските макроекономски проекции.

Во врска со најавите на Владата за дополнителни задолжувања, гувернерката напомена дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг. Во оваа насока ги повтори препораките на меѓународните финансиски институции: постепена фискална консолидација, постепена монетарна акомодација во линија со фискалната консолидација и интензивирање на структурните реформи.

-При нашите проекции ја земаме предвид најновата фискална стратегија која беше неодамна донесена и која предвидува патека на фискална консолидација, односно од буџетски дефицит 4,9 проценти оваа година, негово постепено намалување и сведување на околу три отсто во 2027 година. Нема дилема дека намалувањето на буџетскиот дефицит е клучно за стаблизирање на јавниот долг, подвлече Ангеловска-Бежоска.

Уште еднаш порача и дека стабилноста на јавните финансии е клучна од два аспекта: за среднорочна одржливост на јавниот сектор (за да може државата да го подготви и изгради својот капацитет за справување со натамошни, идни шокови), како и за поддршка на монетарната политика. Колку фискалната политика е попрудентна, тоа, напомена гувернерката, создава поголем простор за релаксирање на монетарната политика, односно посоодветни услови за обезбедување финансиска поддршка на компаниите и на граѓаните преку пониски каматни стапки.

The National Bank has projected a slowdown of inflation and weaker economic growth for 2024 and 2025, compared to the April projections.

Останува потребата, дополни, од водење прудентни домашни макроекономски политки за да нема нов бран инфлациски притисоци.

-Сите политки кои влијаат на агрегатната побарувачка, може да влијаат на инфлацијата. Имајќи ја предвид големата отвореност на нашата економија, големото учество на цените на храната и енергијата во нашиот инфлациски индекс, нешто над 50 отсто, јасно кажува дека глобалниот контекст и геополитичките ризици кои може позначајно да влијаат на цените на примарните производи, остануваат клучен ризик. Останува потребата од водење прудентни домашни макроеконосмки политки кои може да влијаат на агрегатната побарувачка, особено политките на пазарот на труд, но и интензитетот со кој би се спроведувале стуктурните реформи, објасни  Ангеловска-Бежоска.

Според есенските проекции на Народната банка, девизните резерви достигнаа 4,9 милијарди евра што е нешто над четиримесечен увоз на стоки и услуги што се оценува како сосема соодветно ниво и во линија со монетраната стратегија на одржување стабилен девизен курс на домашната валута во однос на еврото.

Во однос на странските директни инвестиции, проекциите на среден рок се 4 отсто од БДП.

-Ова е слично ниво како во изминатите две години или малку пониско од тие 4,3 проценти во просек. Остварувањата продолжуваат да бидат солидни и првата половина од оваа година, беа подобри и од нашите очекувања. Приватните трансфери лани надминаа две милијарди евра, беа историски највисоки, па среднорочно сме попретпазливи и очекуваме нивно стабилизирање, рече дувернерката.

Ангеловска Бежовска Народна банка унгарски заем
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 28, 2026Updated:January 28, 2026

Работниците до владата на Мицкоски: Нашата борба продолжува!

ВЕСТИ January 28, 2026

Работниците побараа до крајот на идната недела пратениците да изгласаат зголемување на минималната плата. Пред…

ССМ протест – Пешевски: Генерален штрајк во приватен сектор за првпат во историја на Македонија! Не сме роботи, храниме фамилии!

January 28, 2026

Скопје: СДСМ и Левица го поддржуваат протестот и барањата на работниците

January 28, 2026

ССМ денеска на протест за зголемување на минималната и сите останати плати

January 28, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.