Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народот и бизнисот го натераа Орбан да се повлече

0
By Светлана Јовановска on October 31, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес направи редок чекор наназад и ја повлече одлуката за наплата на данок за користење на интернет по протестите на повеќе илјади лица во Будимпешта.

“Таксата за интернет не може да биде воведена во оваа форма. Во овие услови таа не може да влезе на сила”, рече Орбан утринава на националното радио откако цела недела од него немаше никаква изјава додека Унгарците протестираа против оваа одлука.

Данокот на интернет за секој гигабајт пренесени податоци требаше да изнесува 49 евроценти, при што кај физички лица месечно може најмногу да достигне до 700 форинти (2,28 евра), а во случај на правни лица до 5.000 форинти (16,32 евра).

Овој предлог натера речиси 100.000 лица да излезат на улица во вторникот во Будимпешта а протести имало и во повеќе унгарски градови. Оваа мобилизација на Унгарците е без преседан од доаѓањето на Орбан на власт во 2010 година.


Протестот во Будимпешта на 29 октомври

«Ова е победа на унгарскиот народ против оваа неспособна власт», рекоа организаторите на «протестот за прослава» најавен за вечерва. Тие сметаат дека Орбан не смее да игра со народот и не смее да се осмели да ја редуцира слободата на информирање.

Според Јури Фолк, новинар во Еулогус и платформата Либертис за одбрана на човековите прави «Орбан рече дека нема да се однесува на како комунист и да работи против волјата на народот. Но не сум сигурен зошто одлучи да ја повлече одлуката но веројатно поради протестите и оној што беше планиран на 17 ноември. Овие протести полека стануваа протести против владата и корупцијата и се претвораа во про-ЕУ протести. Мислам дека може со голема сигурност да се каже дека повлекувањето на одлуката се протестите и реакции на бизнисот и ЕУ», вели Фолк за НОВА.


Јури Фолк

Европската комисија (ЕК) остро реагираше неделава на планот на Орбан постетувајќи дека “ова е дел од вознемирувачките однесување и закони на унгарската влада и истовремено лоша вест за интернетот кој е глобален ресурс”, рече Нели Крос, комесарката за дигитална агенда. Таа ја напушта оваа функција денес но во ЕК велат дека нејзиниот наследник нема да му гледа низ прсти на Орбан.

Но, новинарите и борците за човекови права во Унгарија стравуваат дека ова не е крај за данокот. Орбан вети дека ќе има консултација на оваа тема.

“Човекот што ќе ја води оваа консултација е пратеник на владеачката партија така што лесно можете да замислите на што тоа ќе личи. Тој ги користи овие консултации често и досега имаше 3 во последните четири години. Се поставуваат ориентирани прашања и на крајот не се користи вистинскиот резултат туку тој е симбол за легитимирање на комуникацијата со гласачите. Орбан денес на радио рече дека не се откажува од данокот но на некој друг начин бидејќи за Орбан е нормално операторите за интернет да платат такса ако прават екстра профит”, вели Фолк кој додава дека целиот план не се само парите туку и јавната дебата за транспарентност, слобода на говор и слободен пристап до информации за кои младите генерации во Унгарија се заинтересирани.

Според друг аналитичар што го цитира агенцијата АФП, Петер Креко од Институтот Political Capital, луѓето што протестираа беа дојдени од сите хоризонти и не протестираа за 700 форинти но затоа што тоа е симбол на нивното незадволство. За време на протестот се слушаа пароли против владата и повици за оставка кои исто така потсетуваа на блискоста на Орбан со Владимир Путин.

И покрај честите критики за начинот на кој владее со земјата, Орбан речиси никогаш не се повлекол од одлуките. Тој има големо мнозинство и во последните години усвои конроверзни реформи за медиумите, уставот, судството и изборниот систем.


Виктор Орбан

Орбан не е многу загрижен за реакциите кои доаѓаат од ЕУ и од САД и кои беа бројни во 2011 година. Орбан освои и втор мандат оваа година и сега неговата власт е насочена против невладините организации на кои им забележува дека се странски агенти кои работат за социјалистичката опозиција и се финансирани од странство, пред се Норвешка и милијардерот Џорџ Сорос.

Во еден говор Орбан се заложи за “илиберална држава” цитирајќи ги како пример Русија и Кина.

Сето тоа го натера и Вашингтон да реагира. Откако најавија дека на црна визна листа ставаат шест функционери, блиски до Орбан поради тоа што се обиделе да земат мито од американски фирми кои сакале да инвестираат во Унгарија, САД и се закани на Унгарија дека ќе ја избрише од листата на сојузници.


Андре Гудфренд, американски амбасадор во Унгарија

Според белгискиот весник “La Libre Belgique”, Вашингтон последен пат го поканил Орбан во посета во 1998 година кога тој за прв пат беше премиер што е јасен сигнал за загриженоста на оваа земја за начинот на владеење на Орбан. Истовремено, унгарските функционери ги презираат САД и ги сметаат нив и целиот запад како декадентни.

Американскиот амбасадор во Унгарија Андре Гудфренд, зборувајќи да растечката корупција во Унгарија и заканите врз граѓанското општество, отворено се рече: “Ако оваа тенденција продолжи може да стасаме до степен кога САД повеќе нема да можат да соработуваат со Унгарија како со сојузник”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.