„Руските дипломати никогаш не се мешале во внатрешните работи на Северна Македонија и не извршувале дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година“, се наведува во реакцијата на руската амбасада во Скопје по повод одлуката за дополнително протерување на шест руски дипломати од Северна Македонија.
„Овој непријателски чекор и неговите последици ќе имаат сериозно влијание врз односите меѓу Русија и Северна Македонија. Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани“, наведува руската Амбасада на својата официјална Фејсбук страница.
„Руската страна најави мерки кои нагласи дека нема да бидат нужно симетрични, но порача дека ќе бидат чувствителни, како одговор на овој чекор, како и на прогласувањето на петмина дипломати на Амбасадата за „personae non grataе“ на 28 март годинава“, наведува Амбасадата.
Северна Македонија на 28 март прогласи петмина руски дипломати за персона нон грата, а денеска уште шест, поради, како што наведе МНР, извршување на активности во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи.