Нашите репрезентативци на Летните олимписки игри на Специјална олимпијада што денеска завршува во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати се враќаат со освоени три златни, еден сребрен и три бронзени медали
Марио Мицковски освои два златни медала, во категориите 25 метри грбно и 50 метри слободен стил, а злато освои и Стефан Трпковски.
Атлетичарот Ардијан Шабани и неговиот тренер Ифраим Љута освоија два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри. Атлетичарката Сара Дураку освои бронзен медал на 100 метри.
Кошаркарската екипа освои бронзен медал, во клучниот меч против репрезентацијата на Буркина Фасо. Нивни тренери се: Ана Котевска, Раша Петровиќ и Дејан Дојчиновски.
Атлетичарката Сара Дураку, под менторство на тренерот Ифраим Љута, освои бронза на трката на 100 метри.
Во категоријата латино танци, Јулијана Петровска освои второ место. Од оваа година и танцувањето стана олимписка дисциплина.
Летните олимписки игри за лица со посебни потреби се одржаа во Абу Даби од 14 до 21 март. Во нив учествуваа над 7.000 учесници од 190 земји кои се натпреваруваа во 24 спортови.
Фото Фејсбук