Сите деветмина кои утрово се изнесени на обвинителна клупа за насилството во Собранието ја признаа вината за, како што ги товари Обвинителството “учество во толпа која ќе спречи службено лице во извршување службена должност”.
На рочиштето на кое присуствуваат сите обвинети, Ангеле Зафировски прво се изјасни како невин, за по кратко време да ја смени одлуката и да го признае делото.

Адвокатите на обвинетите рекоа дека немаат завелешки на обвинението на Обвинителството и во моментов се даваат завршните искази пред судијката.
Поддржувачите на обвинетите т.н “Тврдокорни” се се уште пред судот каде што утрово со аплауз ги пречекаа обвинетите извикувајќи “Херои, херои”