Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Насилството никогаш не е решение, овој пат тоа е последица

0
By Нова ТВ on October 2, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Андреја Стојковски, Евротинк

Последните неколку денови повеќемина ми се обратија со барање да ги коментирам случувањата во Шпанија, денешниот „референдум“ во Каталонија и што може да очекуваме во иднина. За почеток на моето размислување можеби ќе звучам како Трамп но, едноставно морам да кажам дека Шпанија е голема држава. Голема во секоја смисла. Таква е поради разликите кои ги содржи и слободите кои ги нуди, но и поради богатството на култура, обичаи па дури и јазици.

Долго време, луѓе желни за лична моќ ја користеа слободата која им ја обезбедуваше Уставот и демократијата, манипулирајќи со вистината го потхрануваа национализмот и денес дојде до ова до кое што дојде. Истите тие, го јакнеа национализмот притоа прикажувајќи го како зачувување на различноста, ги користеа механизмите на заедничката држава за да го јакнат сопствениот регион и да ја обвинат државата дека е репресивна и ги спречува во развојот. На крајот ги прекршија и манипулираа сопствените правила за да утврдат правило на кое ќе се повикаат и ќе ја оправдаат својата независност. Притоа никогаш не им признаа на граѓаните дека го сториле тоа, ниту им објаснија дека резултатот од нивниот напор е против правен и со самото тоа ништовен.

Во меѓувреме, повеќе од 500 професори, експерти по уставно право понудија свои аргументи зошто референдумот е против правен. Во друга листа, повеќе од 500 професори, експерти по меѓународно право и меѓународни односи појаснија зошто Каталонија не може да бара правен основ во меѓународните договори за својата независност и самоопределувањето. Во обете листи има многумина чиј авторитет за право го познавам лично и во кои исклучително многу верувам. Далеку поважно е дека во обете листи има многумина каталонци и уште повеќе шпанци од другите автономни покраини кои живеат и работат во Каталонија. Ова говори дека има интелекутална енергија која може да ги убеди граѓаните и да ги победи насилниците од обете страни, а со самото тоа да ја заштити државата и единството.

Знаете, насилството навистина никогаш не е решение, но за танго се потребни двајца, а во случајов тоа, насилството, е последица на играта во која ниту една од страните не сакаше да зборува за проблемот и да се погрижи да се изнајде решението низ дијалог. Вчерашниот ден беше трагичен и за Шпанија која јас ја запознав и од која добив многу, но и за Европа во која што сакаме да одиме сите заедно. Ако ја изгубиме солидарноста, разбирањето и дијалогот за сметка на национализмот и исклучивоста, ќе ја изгубиме и иднината.

Ако Каталонија инсистира на независност ќе има многу висока цена да плати за истата, поеднакво како и Шпанија која инсистира на легалистички решенија за политички проблеми. За разлика од Каталонија, Шпанија ќе продолжи да биде глобален играч и партнер, членка на ЕУ и НАТО, сериозна политичка, воена и економска сила. За разлика од неколкумина шпанци, мнозинството каталонци ќе продолжат да добиваат се повеќе симпатии кај луѓето во Светот, ќе има дури и држави кои во израз на протест кон Мадрид ќе направат меѓународно признавање на независната држава, но, новата држава ќе има многу и многу големи пречки на патот и никогаш нема да биде, економски и политички, она што е сега. За последиците се свесни сите, впрочем дел од оние 500 професори по уставно право побараа од „политичките партии и од граѓанското општество да поддржат реакција на државата која е апсолутно неопходна за да се обезбеди соживотот во мир и демократија“. Оттаму, на следните преговори за децентрализација и територијална реформа преговарачите ќе седнат на маса со капиталот кој им го дава Уставот, правото и поддршката на граѓаните во цела Шпанија, односно со капиталот на поднесената жртва, симпатијата на граѓаните од светот и поддршката на сопствените граѓани. Исходот од преговорите најверојатно ќе биде нова организација и дополнителни права на автономните региони и гарантирано единство на Шпанија, зашто „…помеѓу цвеќе, играчите на фанданго и среќа се роди Шпанија …“.

*Ставот е преземен од неговиот блог

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.