Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Наставата ќе се одвива онлајн, освен за учениците од прво до трето одделение

0
By Нова ТВ on August 18, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учебната 2020/2021 ќе почне со онлајн-настава освен за  учениците од прво до трето одделение и во училишта со помал број ученици и паралелки во средини со стабилна епидемиолошка состојба, за што општините ќе добиваат согласности од  Владата. Ова беше и конечен предлог на Комисијата за заразни болести, а одлуката денеска на седница ја донесе Владата.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција рече дека според протоколот, во училницата нема да има повеќе од 20 деца, распоредени на растојание од  1,5 метри, со носење заштитни маски.

Наставникот  цело време ќе треба да биде со учениците, нема да излегува на одмор, а почетоците на часовите по паралелки ќе бидат со десет минути разлика за децата да не се среќаваат во ходници и на влезовите од училиштата. За протоколите се веќе информирани наставниците, рече Филипче, додавајќи дека  тие  обезбедуваат минимален ризик за ширење на вирусот.

Филипче појасни дека инциденцата кај најмалите ученици е околу 3,4 проценти и тие имаат сосема лесна форма на болеста и често се асипмтоматски носители.  Сепак, родителите ќе имаат  можност да изберат нивните деца што се на таа возраст наставата да ја следат и онлајн, зашто во некои  семејства има хронично болни членови (родители, баби, дедовци) или се во категорија од висок ризик.

Вториот исклучок каде што ќе се организира настава со физичко присуство се училиштата со мал број ученици во средини со стабилна епидемиолошка состојба. На барање на општините односно основачите на улилиштата  ќе им се дава согласност, откако барањата ќе се разгледаат во министерствата за здравство и за образование и во Владата, И тука ќе има можност за согласност на родителите.

– И покрај крајната цел децата да се вратат во училиштата, се додека  сме соочени со вирусот, мора максимално да бидеме свесни и внимателни да се намали ризикот и  образовниот процес да биде безбеден за децата, наставниот кадар и за семејствата. Образвнието е неспорно, но не треба да го занемариме здравствениот аспект и ризикот од трансмисија во училиштата, истакна Филипче.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми  посочи дека најмалите ученици ќе следат настава со присуство во училниците и поради важноста на нивниот социоемоционален развој.

-Освен овие два исклучока, ученици од прво до трето одделение и училишта со мал број ученици, за другите ученици наставата ќе биде онлајн со двонасочна комуникација. Продолжува да се надградува платформата Едуино.мк, на која се ставаат видеолекции и ќе има теми и материјали во согласност со наставната програма за првото полугодие и тримесечје.

Во меѓувреме, со Министерството за информатичко општество и администрација се работи на унифицираната национална платформа за учење од далечина, рече Адеми, нагласувајќи дека ова било тешка одлука и донесена низ бројни  консултации и со инклузивен пристап за најбезбедно решение.

Тој додаде дека за почетокот на учебната година и за наставните часови, за кои се подготвени предлози да  траат по десет минути пократко од регуларните (30 минути во основно и 35 минути во средно образвание) дека треба да се направат измени на законите за што е потребно да функционира Собранието.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
ФОКУС

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

ВЕСТИ October 10, 2025

Добитничка на Нобелова награда за мир рече дека ја посветува наградата на страдалниот народ и…

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025

Марија Корина Мачадо добитничка на Нобеловата награда за мир за 2025 година

October 10, 2025

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

October 10, 2025
ТИКЕР

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025

Во еден ден втор силен земјотрес на Филипините – првиот однесе пет животи

October 10, 2025

Приштина: По осум месеци конечно конституирано косовското собрание

October 10, 2025

Најмалку две лица загинаа во земјотресот на Филипини

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.