Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО бара независна и длабока истрага за “Пуч”

0
By Светлана Јовановска on March 11, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денес рече дека не сака да ги коментира информациите дека во Македонија странски разузнавачки служби вршат прислушкување. Но тој подвлече дека медиумите и опозицијата мораат да имаат добри услови за работа:

“Не сум во можност да ја коментирам информацијата дека странски разузнавачки служби биле активни во поранешната југословенска Република Македонија. Она што можам да кажам е дека ја подвлеков важноста слободата на медиумите и важноста да и даде на опозицијата можност да има добри услови за работа, тоа се демократски вредности кои треба да се почитуваат од страна на сите. И ја подвлекувам важноста на има независна и длабока истрага во многу сериозните обвинувања кои беа кажани. Исто така дека треба одговорните треба да поднесат сметки за тоа што се случило. Затоа е важна независна и длабока истрага за овие обвинувања”, рече првиот човек одговарајќи на прашање на НОВА.

НОВА го праша премиерот Груевски дали пред генерaлниот секретар на НАТО ги идентификувал странските служби кои, според владата, направиле пуч во Македонија. Но НОВА не доби јасен одговор на ова прашање на кое Груевски одговори:

“Јас прилично подробно ја опишав ситуацијата околу тоа што се случуваше во последниот период, безмалку една година тргнувајќи од сето она што ми беше презентирано во разговорите со шефот на опозицијата, преку оние работи што беа откриени од страна на министерството за внатрешни работи и обвинителството и презентирани на суд вклучувајќи ја судската пресуда која веќе постои како и признанијата на одредени луѓе во судската постапка за илегални активности и злоупотреба на службената должност односно и ги прекршиле законите на Република Македонија. Сето тоа друго ќе биде дел од понатамошната судска постапка која ќе биде јасна, транспарентна и отворени сме за било каков мониторинг во тој дел.”

Инаку средбата на Груевски и Столтенбер била одамна закажана. Се размислувало таа да се одржи во четири очи но решено е сепак на средбата да присуствуваат и министрите за надворешни работи и одбрана како и советници на генералниот секретар.

Според Столтенберг пред Македонија стојат предизвици: “Ги следиме со загриженост новите новите настани. Напредокот на реформите зависи од ефективен политички дијалог, правната држава и слободната на медиумите кои се во срцето на нашата алтантска заедница. Сметаме на вас сето тоа да биде почитувано. Бараме од сите политички сили да бидат одговорни, да влезат во отворен и конструктивен дијалог и да се фокусираат на политичките и економски реформи кои се неопходни за евро-атлантска интеграција”.

Во однос на проблемот со името Столтенбер рече дека се сеќава на сите дискусии во Букурешт во 2008 година но повтори дека за членството во НАТО е потребен консензус на сите членки на алијансата.

“Решение за името мора да се најде пред да влезете во НАТО и бараме напори во таа насока”.

Според Груевски Македонија ќе ги надмине сите проблеми пред кои е исправена и дека од нив ќе излезе уште посилна.

Столтенберг ги пофали македонските реформи во одбраната и се заблагодари за учеството на македонските војници во Авганистан и Косово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.