Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО денеска на вонреден состанок во Брисел за војната во Украина

0
By Sashko on March 24, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО денеска се состануваат во Брисел на координација за следните одговори на војната во Украина и руската агресија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Премиерот Димитар Ковачевски, но и претседателот на САД, Џо Бајден, како и сите останати лидери на Северноатлантската алијанса, синоќа пристигнаа во Брисел за денешниот вонреден самит на НАТО.

„Ќе разговараме за состојбата во Украина, еден месец по почетокот на војната, за зајакнување на одбраната на НАТО членките, но и улогата на Кина во оваа криза“, најави генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Како што вчера најави Столтенберг, лидерите ќе разговараат за испраќање нови борбени групи на истокот на Алијансата, во Бугарија, во Унгарија, во Романија и во Словачка за да се засили присуството на земјите сојузнички во соседството на Русија кои стравуваат од евентуален руски напад на нивна територија.

Алијансата јасно стави до знаење дека секој напад врз нејзина земја членка веднаш ќе го активира членот пет од колективниот договор и ќе доведе до одговорот на сите останати земји.

Но, НАТО и натаму нема намера да влегува во конфликтот помеѓу Русија и Украина, ниту преку затворање на небото над Украина, ниту преку испраќање трупи. Дополнителна помош ќе му биде испратена на Киев за да се справи со руските напади.

Се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да се вклучи на состанокот преку видео врска и да се обрати на претставниците на 30-те земји. Познато е дека Киев бара од НАТО да го обезбеди небото над Украина, но за најголемиот број земји на Алијансата ваков чекор е незамислив бидејќи тоа би значело директен судир со Русија, а со тоа и можна војна на целиот континент.

Генералниот секретар предупреди дека одлуките што НАТО ќе ги донесе денеска ќе имаат далекусежни последици, а од владите на земјите членки ќе се бара да ги зголемат воените трошоци.

Денеска и утре во Брисел се одржуваат и лидерски состаноци на ЕУ и на Г7 групата, каде ќе се придружи и американскиот претседател. За сите Украина и одговорот на Западот е главна тема.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.