Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО донираше 60 респиратори вредни 1,4 милиони евра

0
By Нова ТВ on October 30, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министрите за надворешни работи и за здравство, Бујар Османи и Венко Филипче, денеска на скопскиот аеродром примија донација од 60 респиратори од НАТО Доверителниот фонд за одговор на пандемија, во вредност од над 1,4 милиони евра.

Тројцата министри изразија благодарност за помошта, која, како што рекоа, е суштинска и неопходна во ова време на пандемија, а воено ја покажува солидарноста на Алијанската со една земја членка на НАТО во моменти кога таа и е најпотребна.

– Денеска можеме да видиме зошто беше многу важно Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да видиме како овој Сојуз најмоќен на денешнината воено-политички сојуз значи солидарност не само на збор, туку солидарност на дело. Денеска на аеродромот во Скопје пристигна дополнителна медицинска помош којашто ја најави генералниот секретар на НАТО уште на почетокот на месецот кога бевме во официјална посета и којашто значи директна помош на нашата држава со опрема којашто е важна во текот на оваа здравствена криза, истакна Шекеринска.

Таа нагласи дека се работи за средства во износ од над 1,4 милиони евра, коишто се донирани од страна на УСАИД, односно на САД, и се дел од НАТО-залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија. Помошта пристигна во Скопје со авион на италијанското воздухопловство, финансиран од страна на Луксембург.

– Тоа значи дека неколку земји членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да ја добиеме помошта тогаш кога ни е најпотребна, потенцира Шекеринска.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, изрази голема благодарност до Секретаријатот на НАТО и до неговтите членки земји. Тој нагласи дека помошта е навремена, и не е само симболична туку суштинска помош која ќе придонесе во зголемување на капацитетите на системот да се справува со ова зло.

– Живееме во време полно со предизвици. Вирусот е се поприсутен и се поопасен и ова е време кога солидарноста помеѓу луѓето, но и помеѓу државите и сојузниците е најважно. Мислам дека денеска се покажува дека повеќе никогаш нема да сме сами во борбата против кој било непријател, дали невидлив или видлив, потенцира Османи.

Тој, како и минсистеркара за одбрана Шеќеринска, нагласи дека Република Северна Македонија продолжува да чувствува дека е дел и рамноправен член на Алијансата.

– Придонесовме и во заедничкиот фонд на Алијансата со наши средства и еве денеска Алијансата возвраќа со оваа суштинска помош за уште еднаш ќе кажам дека сме благодарни за чувството што ни го даваат на припадност во овој Сојуз, рече Османи.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека симбол на оваа здравствена криза е солидарноста.

Според Филипче, сите земји покажаа сите земји што значи да се помага, да се споделуваат искуства, знаења. – Покажа што е вистинската вредност на сојузите во коишто сега сме ние практично рамноправна членка, рече Филипче, кој упати голема благодарност до НАТО, особено до САД кои од почетокот на кризата донираа и заштитна опрема и медицинска опрема, без која, како што нагласи, тешко ќе можеше да се менаџира оваа голема здравствена криза.

– Станува збор за донација на респираторни машини кои се користат за транспорт на пациентите во амбулантните возила од една болничка установа во друга, нешто што значајно ќе го зајакне нашиот здравствен систем во овој сегмент, објасни Филипче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
ФОКУС

Трамп: САД ќе продаваат ракети „Томахавк“ на НАТО – дел ќе завршат во Украина

ВЕСТИ October 7, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека „донел одлука“ за продажба на ракети „Томахавк“ со…

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

October 6, 2025

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025
ТИКЕР

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.