Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО: КФОР се фокусира на спроведување на својот мандат и на договорот за деескалација на северот на Косово

0
By НОВА ТВ on October 13, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

КФОР е целосно фокусиран на спроведување на својот мандат, со цел да продолжи да овозможува безбедна средина и слобода на движење за сите заедници во Косово и да ја поддржи имплементацијата на неодамнешниот аранжман Белград-Приштина за деескалација  во северниот дел на Косово. Тоа е одговорот што го даде неименуван функционер од НАТО за српската агенција Бета, а како коментар на повикот на српската премиерка Ана Брнабиќ, упатен до меѓународната заедница, НАТО и КФОР веднаш да реагираат на „акцијата на косовската полиција против српското цивилно население во Косово“.

– Косовската полиција започна операција за спроведување на законот во Косово. Мисијата КФОР предводена од НАТО е во постојана комуникација со сите релевантни институции во Косово и меѓународната заедница и останува целосно фокусирана на секојдневното спроведување на својот мандат во ОН-согласно Резолуцијата 1244 од 1999 година на Советот за безбедност на ОН, а со цел да продолжи да обезбедува безбедна средина и слобода на движење за сите заедници што живеат во Косово, рече претставник на НАТО.

Истиот извор додава дека „КФОР, исто така, продолжува да го поддржува спроведувањето на неодамнешниот договор за деескалација и понатамошните чекори на северот на Косово, постигнати од Белград и Приштина во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ“.

Денешната полициска акција се одржа во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна Митровица и Северна Митровица, јави РТК.

Косовската полиција соопшти дека во оваа акција била запленета стока „шверцувана во износ од стотици илјади евра, која служи како материјален доказ, и која била на различни локации, деловни простории, магацини …“. Полицијата информира дека се уапсени осум лица.

Директорот на косовската полиција Сабедин Мехмети на прес -конференција рече дека за време на акцијата повредени  се 10 полицајци, пренесува РТК.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џељаљ Швечља изјави дека акцијата на косовската полиција и царина против шверцот на стоки е дел од борбата на косовските власти против криумчарење и затајување данок.

– Оваа операција не е насочена против која било националност. Оваа операција е насочена против криминалци кои илегално криумчареле стока во Косово. Обвинителот во случајот е Србин, судијата на претходна постапка е Србин, припадниците на Единицата за брза реакција во Северна Митровица се претежно Срби, повеќето уапсени Албанци, повеќето барани Албанци, рече Швечља.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.