Бранко Тричковски: Така што имам наталожености кои ми дозволуваат на развојот на ситуацијата да гледам како на егзил во кој оди татковината. Таа самата себе се прогонува, се изместува односно ја изместуваат од лежиштето, не во функција на ослободување од себе, за што јас се залагам, туку во функција на тотална културна, медиумска, институционална, политичка и секаква друга деградација на сите модерни национални и државни дострели, колективни и индивидуални. Натопена е од киселите дождови на вморонските бајки и прикаски и во солната киселина на антиевропската, антибугарската и антиалбанската илузија, се откажува од себе и се распаѓа. Линк