Марјан Забрчанец: Последниот суштински и успешен проект на Отворен Балкан е оној од март годинава кога се укинаа работните дозволи меѓу Македонија, Албанија и Србија односно проектот за слободен пазар на труд во регионов. Тој проект, заедно со зелените ленти за транспортерите и признавањето на дипломите и квалификациите беа иницијативи и на ЦЕФТА и на Берлинскиот процес, а станаа реалност за граѓаните и компаниите благодарение на напорите на Отворен Балкан во периодот 2019 – 2024. За жал, од тогаш до денес единствена нова активност е кафанскиот муабетот за “лепе жене” од Белград. Црна Гора до пред една година имаше висок интерес за приклучување. Албанија во меѓувреме ретерираше. Сега гледаме дека Додик е “замена” за Рама. Национализмот, агресивното веење и кинење знамиња не одат заедно со Отворен Балкан.