Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националната галерија на Македонија одбележа 70 години постоење

0
By Нова ТВ on December 5, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната галерија на Македонија е еден универзален храм на репрезентативното богато творештво кое оставило трајно сведоштво за ликовната уметност на овие простори и пошироко, почнувајќи од 12 до 21 век, од средновековието преку основоположничката генерација на современото македонско сликарство, до најсовремените текови во сите ликовни дисциплини.

Ова вечерва го истакна директорката на Националната галерија на Македонија, Дита Старова Ќерими на одбележувањето 70 години од постоењето на оваа установа, што се одржа во Даут пашин амам. Таа посочи дека уште од почетоците Гелеријата како свој доминантен изложбен простор го одредува Даут пашин амам, споменик на културата од профаната исламска архитектура од втората полоцина на 15 век, а потоа и вториот објект при Националната галерија – Чифте амам во Старата турска чаршија, објекти кои се заштитени од државата како споменици на културата од национален интерес.

– Во Даут-пашиниот амам е сместена постојаната национална поставка на уметнички дела која го презентира периодот од 19 до 21 век и икони претставени во осум изложбени сали со 200 изложени дела во доминантна сопственост на Националната галерија, додаде Старова Ќарими.

На одбележувањето 70 години Национална галерија на Македонија се обрати претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, кој рече дека во рамки на одбележувањето во Даут пашин амам е отворена и изложбата насловена „Почетоци за паметење” 1948-1956 од архивата на Национална галерија на Македонија.

– На изложбата ќе бидат претставени 150 листови оригинална архивска документација од 1948 до 1956  година кои сведочат за  успешната приказна  поврзана со формирањето на галеријата, галериската збирка и начинот на раководење. Ова претставува потсетување за огромниот вложен напор, не само од страна на тимот кој ја водел Уметничката галерија, туку и од страна на државните институции кои несебично и со голема одговорност дале поддршка и придонеле Националната галерија денес да прерасне во храм на уметноста идвигател на културниот живот во Македонија, потенцира Заев.

Посебна е врската, посочи, која ги зближува луѓето на уметноста. – Овде во Националната галерија на Македонија со децении може да се почувствува врската меѓу генерации истакнати македонски уметници и нас нивните потомци и понатаму меѓу нас и нашите потомци. Националната галерија на Македонија за нас претставува многу битна алатка во развојот на меѓуетничкиот и мултикултурниот дијалог меѓу разни групи и култури во нашата Република Македонија. Промовира посебно разбирање, а со тоа и поголема вредност во нашето колективно културно наследство, будејќи дополнително љубопитство едни за други за рефлексијата на нашето заедничко општество. Оваа и ваквите национални установи служат и помагаат на идните генерации да се поврзат со историјата,…додаде Заев.

Претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, Таки Фити истакна дека уште во 1948 година кога беше формирана Националната галерија нејзините цели и задачи беа јасно дефинирани, да го евидентира националното културно богатство, да го собира, да откупува, да го презентира пред пошироката јавност и да ги презентира и современите текови на ликовното творештво.

– Во Националната галерија постои извонредно богата збирка на повеќе од 2.376 музејски предмети. Галеријата располага со три објекти кои станаа култни места, а тоа е Даут-пашиниот амам, Чифте амам и Мала станица, додаде Фити.

По обраќањата, Старова Ќарими на Заев, Фити, како и на неколку амбасадори и новинари им додели благодарници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.