Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Националниот џез оркестар со Рамбо Амадеус понуди врвно доживување на отворањето на Сараево џез фестивал

0
By Ана Василевска on November 9, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Рамбо Амадеус и оперската првенка Аида Чорбаџиќ на концертот со Националниот џез оркестар во Сараево
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Концертот беше распродаден еден месец однапред– Народниот театар во Сараево беше претесен за многубројната публика и според написите кои осамнаа во саревските медиуми, настапот  ќе се памети долго а ова фестивалско издание не можеше да има подобра увертира.

 Богати аранжмани, врвната музичка изведба и хуморот на Рамбо со долгите овации од публиката, го направија овогодинешното издание на Сараево џез фестивал, врвно доживување со кое на најдобар начин започна овогодинешното музичко патување на Сараево џез фестивалот (Jazz Fest Sarajevo 2024), пишуваат сараевските медиуми по концертот на Националниот џез оркестар и Рамбо Амадеус што се одржа на 6 ноември во Народниот театар во Сараево.

 Концертот беше распродаден еден месец однапред – Народниот театар во Сараево беше претесен за многубројната публика, и  според написите кои осамнаа во саревските медиуми, настапот  ќе се памети долго а ова фестивалско издание не можеше да има подобра увертира.

 Во изведба на 18 члена на оркестарот, се најде добро познатиот репертоар на Рамбо, во аранжамни за Биг бенд. Посебно изненадување за публиката беше гостувањето на првенката на Саревската опера Аида Чорбаџиќ на песната „Е мој Рамбо“,

-„Халид инвалид Хари“,  „Балкан бој“, , „Цар“, и многу други хитови, звучеа совршено во новите аранжмани, а Рамбо беше испратен со овации и аплаузи., пишува порталот Депо од Сараево.

Националниот џез оркестар беше предводен од маестро Џијан Емин, а настапија трубачите Трајче Велков, Сенад Усеин и Јордан Колески, саксофинистите Кирил Кузманов, Борислав Веселинов, Славко Ѓорѓиев, Валентин Видовиќ, Иван Трајаноски, тромбонистите Сашко Николовски, Филип Богоевски, Енис Мехмедов, Никола Ристевски, гитаристот Зоран Костадиновски, бас гитаристот Дарко Мучев, пијанистот Гордан Спасовски, на ударалки Виктор Филиповски и тапанарот Гоце Стевковски.

Басистот Дарко Мучев и тапанарот Гоце Стефковски

Саревскиот интернационален џез фестивал постои од 1997 година, во 2019 година доби европска награда за извонредна програма. На овогодинешното издание на сцената настапија повеќе од 60 музичари со 11 концерти, еминентни имиња на европската, американската и светската џез сцена.

 

Национален џез оркестар Рамбо Амадеус Сараево џез фестивал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.