Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национално обединување: Кога, со кого, како и околу што?

0
By Zoran Ivanov on January 12, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Мицкоски вели дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси. На масата има две понуди, една од Димитриевски и една од Филипче. Доколку неговата подготвеност не се види на дело, ќе биде јасно дека станува збор за уште една медиумска мантра за залажување на граѓаните, кои од избори на избори ја губат довербата дека Македонија може да биде пристојно место за живот.

Љубиша Николовски

Премиерот Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за МИА ја отвори темата за национално помирување која на политичката сцена во Македонија циклично се повторува со децении, но безуспешно. Љубиша Николовски

Тој нагласува дека е подготвен во секое време да разговара со кој било политички актер, кој има каква било идеја, која води кон национално помирување за државните стратешки интереси.

Мицкоски потсетува дека тој уште во октомври повикал на обединување што ќе кулминира со заедничка соработка што би ја имале политичките чинители и МАНУ за како што вели „да креираме една долгорочна стратегија за неколку децении однапред за да знаеме што треба да направиме и каде треба да се стремиме како држава“.

Но самиот тој барем десга не понуди никаква конкретна стратегија или платформа за национално единство.

Она што во јавноста циркулира се предлозите од ЗНАМ и од СДСМ.

Ако премиерот вели дека е подготвен да разговара „со секого што има  било каква идеја или предлог што значи национално помирување“, ете му прилика да го направи тоа.

Тогаш е прашање на ден кога тоа ќе се случи, затоа што во овој момент веќе постојат најмалку двајца кои изразија подготвеност за реализација на таа идеја.

Едниот е Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ кој веќе „истрча“ со „Националната платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии“ и чиј текст го достави до коалицискиот партнер во Владата.

Значи половина од работата би требало да е завршена штом има таква подготвеност од страна на лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

За волја на вистината премиерот Христијан Мицкоски ја поздрави иницијативата на Движењето ЗНАМ. Но, рече дека конечниот став ќе го соопшти откако ќе биде разгледана.

Да видиме што е таа платформа. Откако ќе ја видиме, тогаш можеме да го кажеме нашиот коментар и нашите согледувања.

Дали досега во раководството на ВМРО ДПМНЕ ја прочитале и што мислат за неа јавноста нема информации.

Другиот политички субјект кој изрази потреба од создавање државна стратегија и платформа која ќе биде натпартиска, наднационална и надетничка, е опозициската СДСМ.

Но, Мицкоски ниту со Венко Филипче досега не искомуницирал за оваа тема конкретно. Вели имале чести средби за време на пратеничките прашања кога  „разменуваат по некоја реченица“.

Очигледно тоа не е доволно за сериозен разговор за создавање политички консензус и национално помирување. Напротив  сè уште гледаме остри обвинувања од обете страни за начинот на водење на државата, што само доплнително ги дели граѓаните и создава општествена тензија.

Ако сега, сета политичка моќ е собрана во ВМРО ДПМНЕ и во општествено најдоверливата личност според анкетите, а тоа е Христијан Мицкоски, тогаш тој треба час поскоро да ја прочита Платформата на кумановскиот градоначалник и лидер на ЗНАМ, да го повикаат и Филипче некаде на попристојно место, наместо во кулоарите на Собранието и да седнат заедно да поразговараат за она за што декларативно сите се залагаат, а во пракса многу малку прават.

Доколку тоа не го направи, ќе биде јасно дека станува збор за уште една медиумска мантра за залажување на граѓаните, кои од избори на избори ја губат довербата дека Македонија може да биде пристојно место за живот, од која нивните деца нема да мораат да бегаат во странство или да вадат бугарски пасоши за да бидат Европејци.

Инаку, повикот „ајде да се здружиме, ама по мое“, не е од сега и веројатно нема да биде последно. Тоа како по правило доаѓа од страна на секоја гарнитура на власт, а опозицијата одбива, што е некако иманентно контрадикторно, кога е познато дека секој сака да биде власт.

Кога последен пат СДСМ понуди таква опција, Мицкоски ја одби. И тоа два пати. Еднаш кога Зоран Заев понуди формула за поделба на власта во коалициска Влада со ВМРО ДПМНЕ и тоа според изборните резултати, Мицкоски ја одби како несериозна, односно како „фолирање“ на Заев. Иако беше логично да го провери „непристојниот предлог“ на ЗЗ.

Второто одбивање од лидерот на ВМРО ДПМНЕ беше понудата на Димитар Ковачевски за коалициска Влада, кога дури и ДУИ беше договорно „елиминирана“ од учество во неа.

Сега Мицкоски е на ред да понуди или да прифати стратегија за „спас“, доколку сериозно мисли дека треба да се постигне национален консензус по стратешките прашања за земјата. Ако навистина, како што вели, не е „авантуриста ни егзибициониста“ и дека во животот гази на цврста штица и ако носи  промислени одлуки, нека го докаже тоа на оваа обединувачка идеја,

Но овој пат да не биде „дојдете да се обединиме околу мојата платформа“, зашто таа е најдобра, туку да се направи консензус за почеток барем за оние работи по кои и нема драстично изразени разлики.

Сè друго е веќе видена приказна со која политичките партии „ги возат“ македонските граѓани од локални до парламентарни, па назад преку претседателски, само за глас повеќе, за да можат потоа непречено да си ја тераат „својата“ платформа правдајќи се сè везден со легитимитетот на граѓаните.

Текстот е сопственост на Рацин.мк

колумна љубиша николовски обединување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.