Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Навивачи и партии палат етнички огнови?

0
By Сашка Цветковска on March 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Се уште се паметат инцидентите на Кале од пред две години кога навивачката група “Комити” се судри со навивачката група “Шверцери”. Вообичаено, сите негираа дека се организатори, како што и сите негираат дека било кога биле инструирани од партиите или моќниците. Вака или онака, кога се потпалува етничкиот оган, тука се и навивачките групи да долеат масло на огнот.

Во петокот и саботата гледавме уште една непријатна епизода со етнички предзнак. Полицијата апсеше хулигани, но кој е оргиназаторот останува енигма.
Извори во една од поголемите навивачки групи во Скопје анонимно за Нова ТВ раскажува како некои од навивачит се нашле пред Владата.

“Прво почнавме ние да ги организираме протестите. Ама полицијата дозна и почна да не уценува да се откажеме од протести, ни велеа дека повеќе нема да не пуштаат на натпревари и слично, така што раководството се повлече. Но, веќе беше доцна, а имаше и други навивачки групи кои се организираа, така што луѓе таму се собираа веќе и се случи што се случи.”

Следниот ден на акцијата следеше реакција. По македонските млади се собраа албанските, наводно и тие организирани преку социјалните мрежи.

Кој кого организира и зошто е прашање кое останува без одговор во речиси во секој ваков инцидент. Но, поврзаноста на партиите со навивачите е тема за која често се зборува. Новинарот Александар Манасиев кој за Балканската истражувачка мрежа работеше на обемно истражување за навивачките групи кое потоа го објави и британскиот весник Гардијан, раскажува за структурата и дејствувањето на навивачките групи.

“Одредени поранешни или сегашни лидери на навивачки групи се блиски до политичките партии. Низ годините сме виделе многу случаи кога тие тесни раководства добивале навистина вработувања во државните служби, а до ден денес, и моите соговорници во навивачките групи тврдат дека постои одредена политичка заштита кога ќе дојдат во судир со законот”, вели новинарот Манасиев.

Нашиот анонимен навивач вели дека иако никогаш не се потврдило јавно, тесните раководства на навивачките групи често добиваат работи за возврат.

“Јас не сум во раководството на групата и сум само обичен навивач, ама голем дел од нив се вработени во администрација, во општини, а некои и во агенциите за обезбедување кои се поврзуваат со некои партии. Ние идеме каде што не викаат. Под викаат мислам на нас главните во групата, а нив кој ги вика не знам, ама има разни муабети. Обично за тоа се зборува, посебно кога треба да одиме некаде каде што после има тепачки, најчесто со Албанците. “

Судиите и експертите за бебедност и полиција тврдат дека симптоматичен е односот на полицијата кон навивачите, ако се има во предвид дека тие речиси секогаш поминуваат со минимални казни или неказнето без разлика што ќе направат.

“Нивната злоупотерба во политички цели е голема, особено ако се има во предвид колку лесно поминуваат навивачите во санкциите. Без разлика дали се македонските или албанските навивачки групи и без оглед на степенот на насилство или штетите кои ги предизвикаленајчесто поминуваат лесно со полицијата, со ситни прекршочни пријави, ретко се употребуваат мерките притвор и слично, така што пристапот кон санкциите е симптоматичен сам по себе”, вели професорката од факултетот за безбедност Фросина Ременски.

Кој ќе биде исходот од минатиот викенд? Уапсени веќе има, но останува да се најдат и умовите зад овие операции и манипулации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.