Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НБРМ: Во првиот квартал нето надворешниот долг изнесува 23,8 проценти од БДП

0
By Нова ТВ on June 28, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нето надворешниот долг на крајот на првиот квартал годинава изнесува 2.687 милиони евра, или 23,8 проценти од БДП и бележи квартално зголемување од 40 милиони евра (раст од 1,5 проценти). И понатаму доминантно учество во вкупниот нето – долг има приватниот нето – долг со 55,9  проценти, покажуваат податоците што ги објави денеска Народната банка.

Зголемувањето на нето надворешниот долг во првиот квартал произлегува од зголемувањето на јавниот нето-долг (за 47 милиони евра), во услови на умерено квартално намалување на приватниот нето-долг за  седум милиони евра. Во однос на релативните показатели, нето надворешниот долг како процент од проектираниот БДП за 2019 година, бележи намалување за 0,9 проценти.

Заклучно со првиот квартал бруто-надворешниот долг изнесува 8.304 милиони евра, или 73,5 проценти од БДП. Во однос на крајот на минатата година, бруто надворешниот долг, без трансакциите за управување со девизните резерви, е повисок за 99 милиони евра.

Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.617 милиони евра, или 49,7 проценти од БДП. На квартална основа, бруто надворешните побарувања, без трансакциите за управување со девизните резерви, се повисоки за 58 милиони евра.

– Негативната меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.122 милиони евра (-54,2% од БДП) што претставува зголемување за 176 милиони евра. Кварталната промена на нето МИП во поголем дел произлегува од зголемените нето-обврски врз основа на сопственички инструменти, во најголем дел заради растот на нето-обврските кај директните инвестиции (за 166 милиони евра), при истовремено зголемување и на нето-средствата од портфолио инвестиции (за 23 милиони евра), се вели во соопштението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.