Народното движење за Македонија (НДМ) испрати соопштение во кое го повторува својот став за таканаречениот црн понеделник од 24 декември 2012 година, дека е за осуда, но изразува зачуденост што денеска против режим се политичари како Лилјана Поповска која тогаш непринципиелно ги бранела оние кои ја газеле демократијата.
– Токму Поповска е тогашен соучесник во бруталноста спрема пратениците и новинарите, а дури на отворена сцена се мајтапеше кога во изјава за медиумите рече: „немаше насилство, никој никого не тепаше, јас не видов„ иако Поповска беше во собраниската сала.