Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НДП предложи формирање анкетна комисија за 24 декември

0
By Нова ТВ on January 23, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајцата пратеници на опозиционата НДП по едно месечен бојкот се вратија во парламентот. Нивниот предлог за основање на анкетна комисија за случувањата на 24 декември се легитимни и за владеачката ДУИ.

Бидејќи ниту една партија нема ништо покренато за расветлување на ситуацијата, доаѓаме со предлог – одлука за основање на анкетна комисија за утврдување на настаните во Собранието на Република Македонија случени на 24 декември, соопштија пратениците НДП кои денеска по едномесецен бојкот се вратија во парламентот.

Предлагаме да се утврди одговорноста и причините за тоа што придонесе за исфрлување на пратениците и на новинарите. Бараме да се состави извештај со предлог мерки за надминување на оваа ситуација и за тоа мора да се расправа на пленарна седница, изјави пратеникот Изет Зеќири.

За да може да се формира анкетна комисија предлогот на НДП треба да добие поддршка од дваесет пратеници. Во него се предвидува претседателот и шест члена во рок од 30 дена да подготват извештај за настаните од 24 декември и тој да биде разгледан на пленарна седница.

Пратеничката група на ДУИ ја поддржува инцијативата на НДП за формирање анкетна комисија, но координаторот Талат Џафери вели дека дилемата е во смислата на формирање ваква комисија кога опозицијата одбива да се врати во Собранието.

– Ја поздравувам одлуката на колегите од НДП да се вратат во работата на Собранието. Во однос на иницијативата за формирање анкетна комисија за испитување на случувањата од 24 декември, принципиелно иницијативата е легитимна и не би било проблем за нас да се стави потпис за поддршка, но дилемата е смислата на формирањето ваква комисија кога опозицијата одбива да се врати во Собранието.

– Се поставува, исто така, дилемата како би се формирала комисијата. Во што би била смислата да се формира комисијата од овој состав кој што е внатре во Собранието, во услови кога опозицијата укажува дека нема намера да се врати, изјави Џафери.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
ФОКУС

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

ВЕСТИ November 5, 2025

Македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација…

Зоран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025
ТИКЕР

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.