Обвинителството не ја чекаше оставката на Рашковски за да побара негово приведување. Истрагата беше отворена по допрен глас уште додека Рашковски ја извршуваше функцијата, вели јавниот обвинител Љубомир Јовески во вечерашното гостување на „Топ Тема“.
Тој додава дека по преземените предистражни мерки, јавниот обвинител кој што постапува по предметот нашол дека постојат основи за отварање истрага и ја отворил истрагата и притоа според негова оценка треба да се преземат соодветни мерки кон лицето против кое се води истрагата.
Јовевски рече дека според информациите кои ги има, во овој случај обвинителството нема добиено службена белешка од АНБ, како што беше случајот со приведувањето на Орце Камчев.
– Предлозите за притвор на обвинителството не се засноваат само врз основа на службени белешки од надлежните органи, туку обвинителството може и врз основа на другите прибрани докази, или сознанија, да процени дека постои опасност за бегство, додава Јовески.