Претседателот на Анкетната комисија Борче Давитковски ја депонирал оставката кај Иванов. Но, не дошло до средба со претседателот- тој едноставно не бил во Кабинетот и не го информирал Давитковски.
Како што дознава НОВА, постои голема разочараност кај Давитковски, но и кај меѓународниот фактор за дебаклот на Комисијата за што постојат напори од страна и на американската и европската страна да се консолидираат двете спротивставени партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и да дојде до соодветен епилог, со кој би се согласиле партиите и би се затворило досието Собраниски инциденти на 24 декември.
Како што е познато, во април Европската комисија најави дека препорачува старт на преговори за Македонија, но таа препорака е условена со резултати од мартовскиот договор помеѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, препораката зависи директно од тоа дали ќе се формира анкетната комисија за расчистување на инцидентите од 24 Декември, дали ќе се продолжи дијалогот со новинарите и склучувањето на меморандумот за соработка помеѓу партиите.