Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е се` политика /  Стари љубови и љубовници – сенки што не бледнеат

0
By Zoran Ivanov on May 13, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Но тие постојат. И се тука. Само што не галамат. Не се наметнуваат. Не праќаат барања за пријателство. Тие живеат во мирисот на стар парфем, во сенката на перонот и вагонот вон употреба каде што некогаш сте се бакнале првпат или допреле за рака, криејќи се од светот и векот, во старата разгледница или фотографии што сè уште ги чуваш во фиоката со непотребни работи.

Мирослав Јовановиќ

Не е сѐ политика. Иако така изгледа. Денес, дури и кога ќе се гушнеш со некого, ризикуваш да бидеш обвинет за идеолошка наклоност. Ако прегратката или бакнежот се од лева страна, ти си буржуј. Ако е десна, ти си предавник. Или беше обратно? А ти само сакаш кафе и некој да те праша онака под око, срамежливо – како си? Без анкета, без агресија, без анализа и заклучок. Само едно „како си?“ што значи „недостигаш“.

Ние сме општество во кое како еден од главните национални спортови се преферира политиката, без разлика дали станува збор за пиење пиво пред самопослуга или учество во политичка дебата на највисоко ниво. На крајот сѐ се сведува на добивки и загуби, победени – поразени, паметни – глупави и така до сто и една и назад. Суштински досадно.

Не е сѐ политика. Иако така изгледа. Денес, дури и кога ќе се гушнеш со некого, ризикуваш да бидеш обвинет за идеолошка наклоност. Ако прегратката или бакнежот се од лева страна, ти си буржуј. Ако е десна, ти си предавник.

Или беше обратно? А ти само сакаш кафе и некој да те праша онака под око, срамежливо – како си? Без анкета, без агресија, без анализа и заклучок. Само едно „како си?“ што значи „недостигаш“. Политиката можеш да ја исклучиш со далечинскo или со гаснење на екранот на својот мобилен телефон. Тоа не оди така со љубовта и сеќавањата на неа. Тие доаѓаат кога сакаш мир, кога најмалку се надеваш, и те носат таму каде што срцето зборува без микрофон или зборови. И не паметува многу.

Сите сме имале некого. Некој што не се спомнува пред другите. Некој, чие име уште отчукува некаде, длабоко во градите, како стара песна на грамофонска плоча – гребната, но жива, или кога на споменување на тоа име се вкочанувате без рационална причина, а срцето одненадеж почнува да ви забрзува како на ученик пред почеток на првиот час. Некогаш во сонот, некогаш во тишината додека пиеме кафе сами. Тоа се старите љубови. Старите љубовници. Не оние за кои се пишуваат статуси и се делат објави, туку оние за кои главно се молчи.

Старите љубови не се избришани. Не се прекинати. Тие едноставно се оставени во некој агол, со почит. Како писмо напишано со рака, врз пожолтена хартија, што никогаш не било испратено. И во тоа има некоја убавина. Тивка. Болна. Но благородна.

Во денешно време, кога сè е брзо, пластично и дигитално, кога љубовта е „seen“ без одговор, кога љубовниците се договараат преку апликации и се разделуваат со емотикон, старите љубови се чинат како нешто од друг свет. Но тие постојат. И се тука. Само што не галамат. Не се наметнуваат. Не праќаат барања за пријателство. Тие живеат во мирисот на стар парфем, во сенката на перонот и вагонот вон употреба каде што некогаш сте се бакнале првпат или допреле за рака, криејќи се од светот и векот, во старата разгледница или фотографии што сè уште ги чуваш во фиоката со непотребни работи.

Знаете ли како се препознаваат старите љубовници кога случајно ќе се сретнат по долги години?
Таа малку ги спушта очите. Тој ја трие брадата, како да сака да избрише нешто. Поздравот е топол, но резервиран. Во него има многу нешта што не се кажани. „Како си?“ не значи само „како си?“. Тоа е цело поглавје. Во погледите се крие сè: и што било, и што можело да биде, и што никогаш нема да биде.

Тие не зборуваат многу. Старите љубовници веќе сè си кажале. И она што го кажале, и она што не се осмелиле да го кажат. Љубовта меѓу нив, ако некогаш била вистинска, никогаш не умрела. Таа само се преоблекла – во тишина, во разбирање, во оној нем поглед што трае половина секунда подолго отколку што е пристојно. Во денешнината, тие не се ни прашуваат зошто не останале заедно. Знаат. Животот, околностите, младоста што не знаела да почека. Но понекогаш, кога ќе се сретнат случајно, се случува она тивко треперење. Срцето за момент заборава дека има години, деца, брак, обврски. И повторно станува младо. Само за миг. Колку сте спремни да платите за тој миг, реторички прашувам.

Старите љубовници не се конкуренција на сегашноста. Тие се нејзина сенка или дамнешен блесок, во зависност од визурата. Можеби малку поубава. Малку потажна, нежна, меланхолична. Но вистинска. Тие се доказ дека љубовта не е само „да се биде заедно“, туку и „да се биде запомнет“. Дека понекогаш најсилните чувства остануваат недоискажани, незавршени, но токму затоа – бескрајни.

Нема ништо поемотивно од маж и жена што биле некогаш сè еден на друг, а сега се поздравуваат со „здраво, како децата?“, „…ти посакувам сè најдобро…“ и „се гледаме некогаш“. Таа реченица „се гледаме некогаш“ секогаш има две значења. Првото е буквално. Второто е „ќе се видиме во сеќавањата, во сништата, во старите улици по кои повторно никогаш нема да поминеме заедно“.

Старите љубови не стареат како луѓето. Напротив, тие стануваат поубави со времето, затоа што се прочистени од кавги, од глупави прашања или констатации, од нерасчистени сметки, ослободени од секојдневието. Во нив нема раскинувања поради тоа што некој заборавил да купи леб или не се јавил, задоцнил некаде без причина. Таму има само мигови. Поглед под око низ подотворена врата, воздишка во еден летен врел ден под сенка на дрво во градскиот парк, бакнежи со вкус на есен во недефинирана темница, страв од неочекувано запалено светло.
Тие љубовници никогаш не престанале да се сакаат. Само престанале да бидат заедно.

Во едно Скопје што брза, што заборава, што ги крши старите куќи за да изгради нови фасади, сè уште има ќошиња каде што стои љубовта. Ќе ја почувствуваш некогаш кога поминуваш покрај оградата крај некое старо школо во центар, кога ќе ја видиш онаа уличка каде што таа првпат ја допре твојата рака. Љубовта е таму. И љубовниците, иако одамна разделени, уште се заедно – во мислите на своите скришни места, станови, во песните, во мирисите.

Затоа, ако некогаш сретнете некого со кого некогаш сте биле на нешто повеќе од збор, не прашувајте „што ќе беше ако…“ Само погледнете. И насмевнете се. Затоа што стари љубови постојат. И љубовници постојат. Но нивниот однос денес не се мери во време, туку во длабочина, во тишина, во вечност.

Текстот е сопственост на Слободен печат.мк

 

колумна миро Јовановиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.