Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не ги засмејувајте Мицковски и Груевски

0
By Биљана Секуловска on October 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кој и да го потчукне по рамото Мицковски, заради поддршка или предупредување, тој се стресува.

Секоја вест што му се сервира или ја дослушнува, во зачинот ги има или Груевски или Мијалков, одделно или заедно, со висок тон или низ забите само промрморени.

Какви се приказни да се плетат за ВМРО-ДПМНЕ, за судирите, за вплетканоста на групи, тројки или секој поединечно, какви се легенди да кружат, какви се митови да се креираат, заеднички именител им е- крајот, кој сите заедно со олеснување го чекаат.

Тој крај, е да, за тој крај е целата борба, сега многумина од нив се прашуваат- дали како и смртта, онаа политичката, ќе биде брз, тој крај, со застрашувачка брзина и агонија во која маките заслепуваат. Којзнае како, тие не виделе, тие не сфатиле докрај, дека овој крај кој тие го одбраа е преспор, предолг, пренапорен, маките се продолжуваат, светлост, ниту надеж никој не гледа.

Ним им е сеедно, веќе се навикнале на разјадувањето однадвор кое премина и однатре, мислат дека можат повеќе да издржат, иако и ова што помина, одамна не можеше да се совлада.

Додека тука сите прегоруваме, прашуваме, толкуваме, анализираме, едно е совршено јасно- дека им стана совршено сеедно за се на Мицковски, Груевски, и на таа осомничена група која го фрлила калкулаторот одамна, за да не ги гледа бројките кои им се закануваат со обвиненијата.

Ќе ги исфрлеле од ЕПП (Европските народни партии)? Немало да станеме членка на НАТО, или ЕУ?

Ќе биле замрзнати сите идни преговори? Ќе сме станеле изолирани, сами, неважни, напуштени, осамени, оставени да се презираме самите, да се изедеме, да се замразиме уште повеќе, да се раскинеме од нетрпеливост, раскараност, неможност да бидеме заедно?

Ќе сме допринеле и ќе сме ги продлабочеле судирите, идните поделби на Косово и Србија, сме чукале на вратата за добредојде на нов конфликт?

Не ги засмејувајте Мицковски, Груевски и таа група осомничени ве молам, зарем навистина тоа им задава некаква болка, дури и најмала, дури и мало затресување на капакот на левото око? Ништо од ова не ги засега, не ги интересира, не се впрегнати некого да слушнат, барем да потслушнат, ако не, колку да начујат.

Ова се најтешките времиња за нив, во кои членството во ЕПП, во НАТО, во ЕУ, каде било, кога било, што и да било, ако не е поврзано со нивната директна животна судбина, не го разгледуваат ниту буква од понудите за иднина на оваа земја.

Нив не ги интересираат точките на последиците со кои се соочуваат доколку не попуштат за уставните измени, ниту извичниците кои стануваат се погласни, ниту прашалниците- како последна опомена, затоа што, навистина, зарем не се свесни за тежината на крајот, како предупредувања од Брисел, Вашингтон, Берлин.

Единствено што може да им го привлече вниманието е една нула- нека е и најмалата, нека никој не може да ја види и препознае, но тие наоружани со лупа и цилиндрични диоптерски наочари, го чекаат само тој потег и само тој бел лист хартија, со таа нула, која може да ги крене нивните два прста во Парламентот, за уставните измени.  Ниту еден ден затвор, тоа е таа нула која ќе ги рашири нивните зеници, ќе ги подисправи свитканите раменици, ќе им го разниша вратот, ќе им ја врати снагата, ќе ги врати во живот. Тоа е она што Заев и Шеќеринска никогаш нема да им го дадат, тоа е крајот со кој мора да се соочат Мицковски, Груевски и оној обвинет дел од групата кој ја држи во заложништво земјава.

Но, оние пратеници кои се исклучени од тој товар на обвиненија, тие пратеници кои слепо ги следат лидерите кои на колена одамна паднале, тие исто така си го потпишуваат крајот, заеднички, следејќи ги инструкциите, уцените, притисоците, заплашувањата, иако се свесни за крајот на своите ментори, на Мицковски и Груевски, кои зависат само од чистите, неизвалканите, вистинските.

Тој крај за Груевски и Мицковски ќе дојде, без разлика дали нивните прсти ќе го притиснат копчето во Парламентот или не. Но, знаете како, има различни краеви, а понекогаш, ние самите сме тие што агонијата ја одбираме, и ги потпишуваме краевите, за да знаат сите- како не требало и не морало.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.