Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не можам да го разберам молкот

0
By Zoran Ivanov on September 4, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не можам да го разберам молкот на политичарите иако 147 земји од 193 земји ја признаа Палестина и неколку земји од Западот најавија дека ќе го направат тоа овој месец на седница во Обединетите Нации. Малкумина од политичарите проговорија на оваа тема иако нивните гласачи се згрозени од тоа што го гледаат во Газа. Не можам да го разберам молкот на на другите наши граѓани од другите професии во услови кога се убиени голем број деца, жени, хуманитарни работници, спортисти, уметници …

Ердем Ахмет

Не можам да го разберам молкот на голем број мои колеги новинари за геноцидот во Газа по убивањето на над 200 новинари од страна на Израел. Само малкумина јавно го осудија тоа.

Не можам да го разберам молкот на универзитетските професори после уништувањето на сите универзитети и образовни институции во Газа. Само малкумина реагираа на тоа.

Не можам да го разберам молкот на докторите иако најголем дел од здравствената инфраструктура во Газа е уништена и убиени се голем број здравствени работници. Најголемиот дел од нив молчеа.

Не можам да го разберам молкот на активистите во невладиниот сектор иако највлителните организации за човекови права во Западот и во Израел, како и најголемиот дел од научниците за геноцид дојдоа до заклучок дека Израел врши геноцид во Газа . На протестите за подршка на Палестинците видов многу малку активисти кои претходно протестираа против многу помали работи од геноцидот.

Не можам да го разберам молкот на политичарите иако 147 земји од 193 земји ја признаа Палестина и неколку земји од Западот најавија дека ќе го направат тоа овој месец на седница во Обединетите Нации.

Малкумина од политичарите проговорија на оваа тема иако нивните гласачи се згрозени од тоа што го гледаат во Газа.

Не можам да го разберам молкот на на другите наши граѓани од другите професии во услови кога се убиени голем број деца, жени, хуманитарни работници, спортисти, уметници …, уништено е скоро целото културно наследство во Газа и луѓето таму освен од оружје умираат и од глад. Малкумина од нив се гласни во осудата….

Не можам да разберам зошто сме толку малку ние кои јавно даваме подршка на Палестинците и го осудуваме Израел за геноцидот во Газа ?

Дали другите луѓе се плашат дека тоа ќе има негативни последици по нив?

Навистина на Западот многумина од тие кои се против геноцидот беа уапсени, некои изгубија работа, некои дадоа оставки во државните институции бидејќи не се согласуваа со политиката на нивната земја, некои изгубија голем дел од претходно договорените ангажмани, некои не можеа да дипломираат, некои беа под закана дека ќе бидат протерани од земјата….. Сепак најголемиот дел од луѓето кои имаа негативни последици од подршката велат дека тоа не е ништо во споредба со страдањата на Палестинците.

Добро е што кај нас немаше негативни последици за тие што се гласни во подршката на Палестинците.

Можеби немаше никакви последици во нашата земја за тие што не молчат бидејќи подршката за Палестинците е толку слаба па никој не ја забележа или никој не се почувствува загрозен.

Можеби подршката е слаба бидејќи некои граѓани се плашат дека ќе изгубат некој грант од западните земји и организации.

Можеби подршката на Палестинците кои поминуваат низ најтемната фаза од својата историја е слаба бидејќи некои наши граѓани се плашат дека нема да бидат поканети на прием во некоја од амбасадите на западните земји кои се соучесници во геноцидот во Газа.

Можеби некои луѓе се плашат да не им замерат партиите од власта или од опозицијата кои со мали исклучоци во голема мера одлучија да молчат за ова прашање.

Можеби некои луѓе се безчуствителни.

Можеби некои луѓе се себични. Можеби некои се опортунисти…

Можеби најголемиот дел од нашите граѓани се многу различни од граѓаните во западните земји кои во голем број протестираат против нивните влади и бараат ембарго на оружје и санкции за Израел.

Од фејсбук ѕидот на авторот

 

eredem ahmet колумна ФБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.