Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не, претседателe Иванов!

0
By Биљана Секуловска on December 5, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Една вест која со гордост беше соопштена од Кабинетот на претседателот, онаа дека Иванов ќе му врачи орден 8 Септември на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ги крена повторно децибелите на македонската либерална мисла, печатот, интелектуалниот свет.

Илјадници литри мастило, тони хартија и интернетски кабли се потрошени за начинот на владеење на Виктор Орбан- опишуван е како авторитарен и циничен популист (Економист), маничен градител, (Гардијан), почитичар кој смета дека боксот е благороднички спорт (Телеграф).

Пред де­сет го­ди­ни, некои пишуваа дека е по­жел­но да се убие Вик­тор Ор­бан ма­кар и на ше­га, ко­га бе­ше об­ја­ве­но пис­мо на чи­та­тел во вли­ја­тел­ни­от вес­ник “Ма­ѓар Хир­лап”: “Би би­ло доб­ро за на­ци­ја­та да се убие Ор­бан”.

Гла­дот на но­ви­на­ри­те за сен­за­ции и де­мок­ра­ти­ја бе­ше след­ни­от удар, ко­га еден те­ле­ви­зи­ски но­ви­нар со­о­чи пла­тен уби­ец со пра­ша­ње­то од ми­ли­он до­ла­ри: “Кол­ку би тре­ба­ло да ви се пла­ти за да го уби­е­те Ор­бан?”

Проб­ле­ми­те на ме­ди­у­ми­те со нај­но­ви­от за­кон со кој се кон­тро­ли­ра­ат и уби­ва­ат, за што е до­вол­нo само едно потврдно климање на Ор­бан, се са­мо пос­лед­на­та при­чи­на за вак­ви­от ис­ход.

Прет­ход­но беа не­го­ви­те на­па­ди и по­ни­жу­ва­ње на све­тос­та на не­за­вис­ни­те ин­сти­ту­ции, пар­ти­за­ци­ја­та на ад­ми­нис­тра­ци­ја­та, це­лос­ни­те цен­тра­ли­за­ци­ја и кон­тро­ла на си­те влас­ти и ни­воа, не­по­ја­ву­ва­ње­то ре­чи­си ед­на го­ди­на за от­чет пред Пар­ла­мен­тот, а ед­на од нај­ци­ти­ра­ни­те муд­рос­ти, се­ка­ко, е не­го­ва­та слав­на из­ја­ва: “Пар­ла­мен­тот фун­кци­о­ни­ра, ис­то та­ка, и без опо­зи­ци­ја”.

Орбан не беше критикуван и оспоруван во ЕУ само заради Законот за медиуми- тој стои и зад уставните измени со кои ги ограничи надлежностите на Уставниот суд и со тоа прогласи крај за независното судство, а на негово конто е и одземање на независноста на Централната банка.

Европскиот парламент со високи тонови го осуди Законот за медиуми, а во јуни беа ставени на маса овие политички одлуки на Орбан и осудени со посебна резолуција.

Следниот чекор и закана беше од страна на Европската Комисија, која најави тужби против земјата со која владее Орбан. Баросо излезе со изјава за “загриженост за квалитетот на демократија во Унгарија”

Ев­роп­ски­те из­веш­таи, осо­бе­но оние на Ме­ѓу­на­род­на­та фе­де­ра­ци­ја на но­ви­на­ри­те, се пре­пол­ни со кри­ти­ки и заг­ри­же­ност за по­ли­тич­кото ме­ша­ње во ме­ди­у­ми­те и ди­рек­тната кон­тро­ла на унгарската Вла­да­, фи­нан­сис­ко­то ко­ла­би­ра­ње на јав­ни­от сер­вис, ин­тер­вен­ци­и­те врз не­за­вис­ни­те ме­ди­у­ми, нив­но­то каз­ну­ва­ње и згас­ну­ва­ње.

На почетокот на 2011 година, европарламентарецот Даниел Кон- Бедит, во срцето на европската демократија одржа лекција за слободата на медиумите и високите цели кои мора да ги има еден политичар за својата земја, затоа што поинаку, тој ја прогласува за мртва демократијата.

Даниел Кон-Бендит

Оваа лекција му беше одржана на Виктор Орбан, во моментот кога Европа се крена на нозе откако унгарскиот премиер го подготвуваше Законот за медиуми со кој им посака збогум на слободата и демократијата.

Една од најзастрашувачките одредби беш законската одредба и казните доколку не се спроведе вестите да бидат балансирани, за што Кон- Бедит објасни дека е невозможно, како што е и незвозможно да постои демократија без слободата на медиумите:

“Дали верувате дека претседателот Никсон сметал дека информацијата за Вотергејт е балансирана, се разбира НЕ!

Дали мислите дека претседателот Буш сметаше дека информацијата на Абу Гаиб е балансирана, се разбира дека НЕ.

Дали мислите дека кој било политички проблем во Франција, кој не им се допаѓа на политичарите, сметаат дека за него се информира балансирано!? Секако дека НЕ!

Или истрагите на новинарите за приватниот живот на Берлускони. Дали мислите дека тој верува во нив дека се балансирани! НЕ, г. Орбан.

Информациите треба да ја вознемируваат политиката. И нe вознемируваат нас политичарите, и тоа некогаш боли.

И поради тоа ви велам дека вашиот закон не кореспондира со европските вредности!

Дали разбирате, г. Орбан дека Европа е родена како реакција на тоталитаризмот и дека база на демократијата и либерализмот е токму слободата на изразувањето.

Никогаш демократијата не умира затоа што има повеќе слобода. Демократиите умираат кога се ограничуваат слободите”.

Претседателот Иванов ќе му го додели орденот „8 Септември“ на Орбан, “за исклучителни заслуги за развивање и зацврстување на пријателските односи и мирољубива рамноправна соработка меѓу Република Македонија и Унгарија, како и за афирмирање и јакнење на меѓународната положба и углед на Република Македонија”.

Претседателе Иванов, дали горенаведените европски критики, предупредувања, стравувања, загриженост, дали се тие заслугите, дел од соработката, дали е тоа афирмирањето и јакнењето на македонскиот углед?

За овие “заслуги” ли вие му аплаудирате, претседателе Иванов, тогаш, кога европските политичари велат дека ги боли?

После ваквите демократски крикови, се чини невозможно е Иванов да го слушне овој крик: Не, господине претседателе!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.