Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не се почитува одлука на Уставен суд, невработени остануваат без сини картони

0
By Менче Атанасова Точи on November 4, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерствата за Финансии и здравство не ја почитуваат одлуката на Уставниот суд со која се укинува одредбата, невработените да поднесуваат Изјава за остварени приходи.

Поради недоставување на Изјава за приходи веднаш по рокот за пререгистрација, во април дури 120 255 невработени останале без здравствено осигурување, што е половина од вкупниот број невработени во земјава. Подоцна дел од нив како имале потреба од лекување, така вршеле преригистрација, ги поднесувале овие документи за кои никој не ги информирал дека треба да ги поседуваат.

Во невладината организација РОМА СОС од Прилеп, велат дека невработените остануваат без сини картони за лекување ако не достават пријава за приходи, иако оваа одредба е неуставна и создава дополнителни трошоци и тешкотии за социјално загрозените семејства.

– Она што е најстрашно е што тие што го изгубија правото на осигурување, не само што нема да можат да се лекуваат во наредните шест месеци, туку немаат право на користење и на ортопедски помага. Од тие луѓе има многу инвалиди на кои им требаат ортопедски помагала, патерици, колички и тие се наоѓаат во катастрофална состојба, изјави за НОВА Тање Тренкоска правник во РОМА СОС.

Во март годинава многу граѓани биле шокирани кога дознале дека не се здравствено осигурани, туку за тоа дознале кога им била потребна лекарска помош.

Бремена жена во април годинава се породила на болницата во Прилеп и во моментот на испис од болницата добила фактура во износ од 13.000 денари. Оваа жена требала приватно да го плати породувањето иако е невработена и без приход. Таа до март добивала сини картони како потврда дека е осигуреник на Фондот за здравство по основ на невработеност. Помош побарала во РОМА СОС, по што тие утврдиле дека нема поднесено Изјава за остварени приходи, поради што го изгубила правото на здравствено осигурување.

Во оваа невладина организација велат дека од април до сега регистрирале 384 слични случаи, само од ромската популација.

Тренкоска вели дека поднесувањето на ваков документ за невработените е дополнителен трошок. За да достават Изјава тие треба да имаат лична карта, со нов датум венчаница, извод за родени, фотографии.

– Трошоците за едно четиричлено семејство за да извадат некои од овие документи се околу 1000 денари, а тие земаат 2000 денари социјална помош, а да не зборуваме дека добар дел од нив се неинформирани, неписмени и воошто не знаеле дека треба да достават изјава, потенцира Тренкоска.

Во јануари годинава државните институции направиле измени во Законот за здравствено осигурување, и при тоа, како што велат од РОМА СОС биле избришани некои одредби на кои укажал Уставниот суд, но не и оваа за пријавување приходи. Уставниот суд, во ноември минатата година ја укина оваа одредба со образложение дека со закон не може да им се наметнуваат вакви обврски, бидејќи нив може да ги спроведат надлежните државни институции, односно Управата за јавни приходи. И покрај ова Фондот за здравство во неколку наврати предупредуваше и јавно повикуваше доколку невработените не се пререгистрираат дека ќе бидат избришани од евиденција за сини картони.

Од РОМА СОС се обратиле во Министертвото за финансии од каде им било одговорено дека со изјавата се олеснува пристапот кон здравственото осигурување и сите граѓаните се изедначуваат пред законот.

– Изјавата се бара зашто Управата за јавни приходи може да задоцни со обработка на податоците за приходите и лицата да останат неколку месеци без сини картони, стои меѓу другото во одговорот на Министерството за финансии до РОМА СОС.

За Министерството за здравство изјавата не е големо оптоварување за невработените, ако се земе предвид дека здравствено осигурување е на товар на државата. Со случајот е запознат и Народниот правобранител каде сметаат дека е неуставно да се пријавуваат приходите и затоа треба да се направат измени во Законот за здравствено осигурување објаснуваат во РОМА СОС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.