Се очекува Касами да даде изјава во Собранието, каде дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого одржуваат координација што по отсуството на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи
Лидерот на Беса и актуелниот градоначалник на Тетово, Биљал Касами, денеска пред Собранието истакна дека „тука е за да види што се случува, зашто нема информации“.
Во врска со тоа дали е изненаден од неговиот пратеник Кастриот Реџепи, Касами кратко додаде:
„Не, од ништо не сум изненаден“, вели Касами.
Се очекува Касами да даде изјава во Собранието, каде дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со кого одржуваат координација што по отсуството на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, поради што не започна собраниската седница на којашто требаше да се гласа доверба на Владата.
Претходно, пратеникот Реџепи преку својот Фејсбук профил објави дека нема да учествува на седницата на која треба да се гласа доверба на Владата.