Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не ти се плашиме, Ахмети!

0
By Нова ТВ on April 24, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тројца албански интелектуалци, Ким Мехмети, Арсим Зеколи и Рамадан Рамадани, вчера излегоа со отворено писмо до лидерот на ДУИ, со порака дека не му се плашат.

Повод за ова писмо се пораките што Ахмети ги упатил до албанските интелектуалци, аналитичари и публицисти на славеничкиот концерт на ДУИ, кој се оддржа на денот кога во Македонија се врати Јохан Тарчуловски:

„Јас имам една порака до сите оние кои мислеле и ќе помислат во иднина дека ДУИ е сила која му наликува на жар а таа е – ако ја допреш ќе те изгори“.

Во писмото на тројцата албански интелектуалци се вели:

„Забележувајќи дека два пати по ред, за кратко време, јавно ги спомнувате аналитичарите и публицистите, и не сакајќи ова да ви се случи и по трет пат, и уште помалку да ви прерасне во навика, сакаме да Ве потсетиме на едно основно правило кое го знае мнозинството луѓе кои имаат формално редовно образование: коментаторите на јавното мислење и на општеството се набљудувачи и не се странка во процесите и појавите.

Исто така сакаме да ви кажеме дека ’јагленот’ е изгаснат жар, и дека доколку во иднина посакате да ни се заканите преку метафори, треба да внимавате како ги употребувате, бидејќи кога ги употребува некој што не го знае нивното значење, тогаш говорот може да заличи на лаење “,

Ние сите ги знаеме вашите пропаднати набљудувања и аналитички тентативи: во геополитиката, во литературата, во верата и во општеството во минатото, додека во овој момент сме фокусирани на разоткривањето на сегашната шема на вашето политичко вазалство, која продолжувате да ја практикувате со страв и недостаток на знаење и личен лидерски капацитет.

Ние исто така го знаеме и нашиот грев, кој, и доколку ни го простат другите, ние нема да си го простиме на самите себе: со нашата маленкост Ви помогнавме во времето кога не смеевте да дојдете во Скопје, надевајќи се дека нема да се ’јагленисувате’ и ќе останете жар кој ќе го држи запален пламенот на демократизацијата на албанското општество и на слободното албанско мислење.

И кој би можел тогаш да предвиди дека вие ќе се занимавате со тоа што го правите денес – со тоа што со векови го правеле другите на овие простори и за што немавме потреба за вас: со раздорот на Албанците на добри и лоши“.

Затоа, не се замислувајте дека вашите закани ќе не’ присилат да се откажеме од нашите убедувања и начинот на кој ја согледуваме и оценуваме оние кои си замислуваат дека гласот на мнозинството од народот е подеднаков со колективната мудрост на еден народ.

Или пак го немааат разбрано фактот што имало политичари кои никогаш не ги изгубиле изборите, кои биле најгласани од сите, за на крајот да бидат толку обезличени што не можеле да разберат дека е полесно да владееш со другите, отколку да владееш над себеси.

Паднаа сите Албанци на српските кралеви, сите Албанци на Пашиќ, Тито, Ранковиќ, Колишевски, Глигоров, Георгиевски, Црвенковски, сите оние кои по своето вазалство многу наликуваа на вашето параполитичко однесување во сенка на Мијалков и Груевски.

На овие простори минувале и поминувале многу владетели, но она што секогаш останувало е постојаната и бесмртна идеа за слобода и албанство. А таа идеа опстојувала и живеела и пред да се вратите од Швајцарија, и ќе опстои и откога вие конечно ќе се вратите во вашиот Зајаз, каде како пензионер, на мира ќе ви се разјасни дека во времињата кога вие си ја браневте фотелјата дадена од Груевски, ние сме се бореле да го сочуваме своето достоинство, чест и совест.

Ние не можеме, ниту пак имаме намера, да ја сопреме Вашата страст за прикривање на вашата интригантска природа и вашата потреба за маскирање на потполната капитулација пред палката на Груевски. Потполно свесни за вашето политичко потекло и вашиот подмолен модус операнди, вие би можеле дури и физички да ни затворите устите.

Свесни за вашите образовни хендикепи и симплистичкиот начин на размислување, го завршуваме ова писмо со една јасна и кратка порака: ’Не ти се плашиме’!, се вели во писмото на тројцата интелектуалци Зеколи, Мехмети и Рамадани до лидерот на ДУИ, Ахмети.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
ФОКУС

Зеленски предупреди на закана од катастрофа во најголемата нуклеарна централа во Европа

ВЕСТИ October 1, 2025

Нуклеарната централа Запорожје во Украина, најголемата во Европа, веќе седум дена е без надворешно електрично…

Хамас го проблематизира планот на Трамп за Газа

October 1, 2025

Израелскиот министер за одбрана издаде последно предупредување до жителите на Газа да бегаат на југ од енклавата

October 1, 2025

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

September 30, 2025
ТИКЕР

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.