Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НЕ во ЕУ: Исполнување на ултрадесничарската агенда

0
By Marija Todorovska on October 16, 2024 ИЗБОР
Џабир Дерала
Џабир Дерала
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да издвоиме две поенти овде: Не се неважни фактите што говорат за долгогодишната, непроменета агенда на ултрадесничарите за блокирање на европската иднина на земјата. И – за тоа гласаа повеќе од доволно гласачи на изборите, за таа агенда и да се исполни.

Џабир Дерала 

Откако Албанија „се ослободи“ од македонскиот „баласт“ и со полни едра исплови кон ЕУ, политичарите од сите бои и нијанси кои виреат во Скопје добија шанса да ги продолжат своите апсурдни битки со замислените непријатели од кои ја бранат македонштината, гордоста и вековноста. Многу е јасно дека последиците од тие битки со замислените непријатели ќе бидат многу реални.

Во тој контекст, добро е да се повтори и да се запомни дека ништо од ова што се случува сега не е ново. Никој не треба да се изненадува од тоа што се случува сега, бидејќи ниту вмровците, ниту главните ликови во таа партија не се паднати од небо, ниту се некој мал облак од кој ненадејно се истурил топол дожд во јулско попладне. Изборите во април и мај си беа спроведени, општо земено – океј, гледано барем од технички-административен аспект. Во поглед на законитоста во спроведувањето на изборите, може да се каже дека имаше голем број мали пропусти, но и тоа не е за изненадување, имајќи предвид дека Изборниот законик досега претрпе, ако добро бројам, 37 измени. Измените обично се усвојуваат премногу доцна, спротивно на долгогодишните препораки од ОДИХР. Но кому воопшто му е грижа за тоа? Па изборите се далеку зад нас, а земјата веќе живее радосно и гордо во новата ера (со брзи и сигурни чекори кон минатото).

Мицкоски, 13-тиот македонски премиер, нема зошто да се грижи за својата иднина. А за иднината на земјата што ја води неговата влада, нека се грижи некоја друга влада, во некоја друга иднина, неизвесна или – непостоечка. Изборите и, може да се каже, општеството во целост им даде на радикалите, насилниците, опортунистите и незнајковците бришан простор да прават буквално сѐ што им е потребно ним: власт и пари. Значи, сѐ што им треба ним, а не на општеството и државата. Се разбира и парче леб, покрив над глава и шарени лаги за мир во душата на сите што се покорни и послушни. Останатите добиваат статус на внатрешни непријатели, односно боксерска вреќа.

Агендата на владејачката партија и низа други помали политички партии е вкоренета во нивното политичко дејствување и се состои во отфрлање и уништување на демократските вредности. Тоа во сите можни варијанти значи блокирање на европската иднина.

Не знам дали треба посебно да се елаборира дека вмровското НЕ воопшто не е ново. Антиевропскиот курс на ВМРО и другите десничарски и ултра десничарски партии на чело е очигледен со децении. Тоа што го гледаме денес е само продолжение на политиката, прво во жолтата куќа во центарот на градот, врз чии темели изникна белата грдосија, седиште на една од најбогатите политички партии во Европа. Нивниот поранешен лидер, Груевски, 11 години се смешкаше и им велеше ДА на ЕУ и САД, но во реалноста направи буквално сѐ што може да направи еден авторитарен режим да ја изолира земјата и да ги оневозможи евроатлантските интеграциски процеси.

Мицкоски и неговите следбеници и политички сојузници го кажаа своето НЕ, БЛАГОДАРАМ за евроинтеграцискиот процес уште во јули, 2022 година. Неговиот вокабулар со години не е променет воопшто. Ако ја погледнеме неговата прес конференција на 1 јули 2022 година. Веројатно, јавноста се сеќава на насилните протести против, како што го нарекоа „францускиот“ предлог што избија веднаш по прес конференцијата на Мицкоски, кога беа повредени неколку десетици полицајци, а не изостанаа ни екстремно националистичките слогани „Гасни комори за Шиптари“ и „Чиста Македонија“.

Суштината на пораките на партијата што сега е на власт, се идентични со оние во изборната кампања на претседателските и парламентарните избори во април и мај, 2024 година. За тоа гласаа мнозинството граѓанки и граѓани на Северна Македонија. И, да не се лажеме, тие што се во коалицијата на власт, сега се сојузници на партијата што велеше НЕ за ЕУ со години наназад. Велеше НЕ и за НАТО претходно, вложувајќи максимални напори – заедно со отворено проруската ултрадесничарска Левица – да го блокира Преспанскиот договор.

Да издвоиме две поенти овде: Не се неважни фактите што говорат за долгогодишната, непроменета агенда на ултрадесничарите за блокирање на европската иднина на земјата. И – за тоа гласаа повеќе од доволно гласачи на изборите, за таа агенда и да се исполни.

Реториката на Мицкоски не е само политички став – тоа е опасна игра која ризикува да ја повлече Северна Македонија од нејзиното вистинско место во евроатлантската заедница. Неговите антизападни наративи, обвиткани во многуслојна кампања за јакнење на националистичките сентименти и тврдења засновани на лаги и антизападни наративи, се идентични на тактиките што ги користат авторитарните режими во регионот и низ Европа. Доколку не се разобличи, овој пристап ќе ја фрли земјата во изолација, ќе ги уништи придобивките од демократските процеси и сериозно ќе ја загрози стабилноста што ја гарантираат сојузите на демократскиот Запад.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

ЕУ Мицкоски Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.