Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Недела на контрацепција: Северна Македонија со ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства

0
By Sashko on September 27, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во рамки на одбележувањето на Недела на контрацепција од Македонската асоцијација на гинеколози велат дека Република Северна Македонија има ниска стапка на преваленца на современи контрацептивни средства, односно само 21 процент.

„Според Светската здравствена организација, околу 16 милиони адолесценти на возраст од 15 до 19 години раѓаат деца секоја година, што претставува околу 11 отсто од вкупните раѓања во светот. Низ нашето образование ретко се зборува за сексуално и репродуктивно здравје. Дури 20 проценти од нашите адолесценти сметаат дека кондомот може да помогне во спречување на бременоста, но не и во спречување на било која сексуално пренослива инфекција (СПИ)“, велат од Асоцијацијата на гинеколози.

Посочуваат дека се потребни доверливи дискусии со адолесцентите. Истите треба да имаат избор, пристап, доверлива здравствена грижа, едукација и поддршка за да го подобрат својот сексуален и репродуктивен живот, како и слободен пристап на младите до контрацепција.

„Планирањето на семејството овозможува секој пар да го одреди времето и бројот на бремености во нивниот живот, како и растојанието помеѓу децата во семејството. Планирањето на семејство води до подобри здравствени резултати и за мајката и за бебето. Планирањето на семејство е главен економски двигател на жените во последните 85 години, значително ја намалува стапката на детска сиромаштија, како и стапката на сиромаштија кај возрасните, го подобрува нивото на образование помеѓу младите, ја намалува лошата или никаква пренатална грижа и употребата на недозволени дроги“, се вели во соопштението.

Од Македонската асоцијација на гинеколози додаваат дека денес, не само што ни се достапни безбдени контрацептивни средства, туку има и поголем опсег на избор, а тоа значи поголема автонимија над нашето тело, над нашето сексуални и репродуктивно здравје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
ФОКУС

Американскиот државен секретар на средбата со Лавров побара да се запре со убивањата

ВЕСТИ September 24, 2025

Државниот секретар на САД Марко Рубио и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, се…

Трaмп: Кијив може да ја врати целата украинска територија освоена од Русија

September 24, 2025

Утврден редоследот на листите на кандидати на гласачко ливче за локалните избори

September 24, 2025

Израелската армија презеде контрола врз поголем дел од Газа

September 23, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Саркози осуден на пет години затвор

September 25, 2025

Словенија го прогласи Нетанајху „персона нон грата“

September 25, 2025

ЕК одобри дополнителни 50 милиони евра хуманитарна помош за Газа и Западниот Брег

September 25, 2025

Ученик го избоде со нож лицето на наставничката за време на час во Франција

September 24, 2025

Над 1,8 милијарди луѓе живеат во зони под висок ризик од поплави

September 24, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.