Во францускиот град Епинал , вечерва со изложба посветена на Македонија, почнува „Македонската културна недела“, која ќе трае до 21 април во Домот на младите и културата Сан-Лоран.
„Македонската културна недела“ се одржува во рамки на годинашната манифестација „Европска недела“ која вообичаено е посветена на земји членки на Европската унија. Во Епинал, кој е збратимен град со Битола, од 1968 година оваа недела е посветена на Македонија.
Во рамките на манифестацијата предвидено е претставување на културно-историското наследство на Македонија, јазикот, музиката, филмот, фолклорот и македонската гастрономија.