Како некоја сцена од хорор филм, така изгледаат толетите во женската зграда од студентскиот дом „Стив Наумов“. Студентите кои живеат во оваа зграда постојано се жалат, но имаат чувство дека се заборавени од институциите, а игнорирани од медиумите.
Чешмите од кои голем дел не работат, личат како да се поставени за систем „капка по капка“, цевки од кои постојано тече вода, но и лошата култура на одредени студенти е секојдневната атмосфера во тоалетите во оваа зграда.
Но и ова не е се, страшна миризбата во вечерните и утринските часови се шири низ целиот студентски дом, додаваат студентите.