Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нега Центарот во Демир Хисар со помош и нега во домот за 21 лице над 65 години

0
By Ivana on July 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Старите лица од Демир Хисар кои имаат потреба од помош отсега ќе имаат помирни денови во својата трета доба. Токму за ваков исход се залагавме кога ја започнавме социјалната реформа, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на врачувањето на лиценцата за услуга на помош и нега во домот за стари лица на Црвениот крст.

Преку Нега Центарот Демир Хисар, седум обучени негуватели ќе ја даваат оваа услуга на 21 лице. Ова значи дека ќе им помагаат на стари лица со навршени 65 години, при извршувањето на секојдневните обврски, чистење, хранење, облекување, земање медицинска терапија.

Според министерката Шахпаска новите социјални услуги што ќе бидат подостапни за граѓаните се креираат согласно потребите на корисниците.

– Како Министерство за труд и социјална политика продолжуваме со имплементација на социјалната реформа, што воедно значи и приближување на социјалните услуги на локално ниво. Граѓаните добиваат квалитетни услуги согласно нивните индивидуални потреби, во нивните домови, онаму каде што живеат.  Истовремено, го зголемуваме и  опфатот на граѓани, корисници на овие услуги, но и уште една значајна придобивка е ангажирањето на лица тешко вработливи на пазарот на трудот. На овој начин, го подобруваме квалитетот на живот на корисниците на услугите и животниот стандард на останатите граѓани. Како Влада и како министерство придонесуваме за намалување на сиромаштијата и јакнење на човечкиот капитал и целокупната економија во државата, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Градоначалникот на Демир Хисар Марјанчо Стојановски смета дека со поголемата вклученост  на општините се обезбедува поголема функционалност на услугите, но и поголем опфат на лицата на кои им е неопходна оваа социјална реформа.

– Општината е сервис на граѓаните и оттука главна цел е креирање на услуги што ќе го подобрат секојдневниот живот на нашите сограѓани. Навистина сме горди што преку овие социјални реформи се создадоа услуги што се однесуваат токму на најранливите категории – таму каде што помошта е најпотребна. Нашите возрасни сограѓани заслужуваат помош во секојдневниот живот. Ние сакаме да градиме хумана општина и на овој начин тоа го реализираме. Продолжуваме и понатаму да соработуваме со сите засегнати страни во интерес на нашите граѓани, истакна Марјанчо Стојановски градоначалник на општина Демир Хисар.

Според секретарот на Црвениот крст во Демир Хисар Иванчо Најденковски, со оваа социјална реформа се креираат нови социјални услуги според потребите на граѓаните.

– Нега центарот Демир Хисар е резултат на одличната соработка помеѓу Црвениот крст од градот, Министерството за труд и социјална политика и општината. Ние преку секојдневна посветеност ќе се трудиме на нашите корисници да им го олесниме и разубавиме секојдневието и да им понудиме квалитетна услуга. Се надевам дека овој проект ќе направи разлика во нашиот град, особено за нашите корисници, рече Најденковски.

Негувателката во Нега Центарот во Демир Хисар, Марија Манасиева, рече дека со стручната обука се стекнаа нови квалификации и работни вештини.

– Да се помогне онаму каде што тоа е неопходно е вистинска привилегија. Секој од нас заслужува достоинствен живот. Јас и моите колеги се надеваме дека со нашата работа ќе понудиме помош за нашите највозрасни сограѓани, рече Манасиева.

Во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги што го спроведува Министерството за труд и социјална политика поддржани се 19 проекти во 24 општини. За давање на услугите обучени се 300 лица, а се очекува да бидат опфатени околу 900 корисници. Проектот е еден од инструментите на поддршка во успешното спроведување на сеопфатната социјална реформа.

 

дом за стари лица Јагода Шахпаска нега
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.