Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Неизвесност за Борисов по изборите во Бугарија

0
By Нова ТВ on April 5, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Партијата ГЕРБ (Граѓани за Европски Развој на Бугарија) на која припаѓа актуелниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, доби најмногу гласови на изборите кои се одржаа на 4ти април, 2021. Односно после 77% од избројаните гласови, ГЕРБ има 26% од гласовите.

Без разлика што за сега изгледа дека Борисов го има мнозинството гласови, многумина сметаат дека овој пат ќе биде тешко ГЕРБ да формира коалициона влада.

Изненадувачки, новата протестна партија на телевизискиот водител Слави Трифонов „Има таков народ“ доби 18% од гласовите и е втора најпопуларна партија во овие избори. Трифонов е познат негатор на Корона вирусот и според Deutsche Welle „во моментов е во карантин поради симптоми на Ковид-19“.

Бугарската социјалистичка партија (БСП) се наоѓа на третото место по освоени гласови со 15.7%, а „Движење за права и слободи“ (ДПС), партијата најчесто асоцирана со етничките Турци, освои 10.7%. Исто така коалицијата „Демократска Бугарија“ освои околу 10% од гласовите. ВМРО-БНД освои само 3.6% од гласовите што значи дека нема да влезе во бугарскиот парламент (потребни се 4% од гласовите за влез во парламент).

„Исправи се! Мафија надвор!“ освои 4.9% од гласовите. „Исправи се! Мафија надвор!“ е новата опозициската партија која настана по протестите од летото 2020тата година на чело со некои од лидерите од протестите и поранешната членка на социстичката партија, Маја Манолова. Партијата се залага против корупцијата на Борисов и со своите освоени гласови влезе во бугарскиот парламент.

„Прерано е за славење ама едно нешто е јасно: ова е крајот на Борисов,“ изјави Николај Хаџигенов, член на „Исправи се! Мафија надвор!“.

Борисов сепак смета дека тој е единствениот кој може да ја води Бугарија. Борисов има соработувачки однос со центар-десната канцеларка на Германија Ангела Меркел на ниво на ЕУ и е клучно инволвиран во центар-десната политичка група во европскиот парламент European People’s Party. Борисов се залага голема коалиција на експерти кои ќе ја водат државата за време на Ковид пандемијата.

Според бугарскиот социолог Цветозар Томов ГЕРБ има само една шанса за формирање на коалиција со БСП и ДПС. Но шефицата на социјалистичката партија (БПС) Корнелија Нинова веќе се има изјаснето против оваа идеја. „Наш принципиелен став е анти-ГЕРБ коалиција“, изјави Нинова.

Во декември, 2020, владата на Борисов го блокираше влезот на С. Македонија во Европската Унија поради несогласувања околу историски и идентитетски прашања – потег кои многумина го сметаа за контроверзен. Ако ГЕРБ не успее да формира коалиција со било кои од другите бугарски партии, тоа отвара прашања за каква надворешна политика ќе води Бугарија и какви ќе бидат ефектите од идната бугарска влада врз С.Македонија.

„Или некој треба да преземе чекори кон некои неподносливи компромиси или следниот парламент ќе трае прилично кратко,” изјави Бојана Димитрова од Alpha Reseach.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.