Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нека дојде тој ден, Заев

0
By Биљана Секуловска on March 13, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Консензус за одушевеност  од идејата на Заев за непартиска администрација, може да се здивне и да се зачекори напред, во најсветлата иднина, која се препорачува. Како вели тој, за понудата за широка Влада, со опозицијата: “Кога сме двете страни во Владата, нема СДСМ и ВМРО да ја партизираат администрацијата”. Но, потоа додава- “Да,  ќе се вработуваат и од двете партии, ќе победи на конкурсот, како најдобар, по критериуми, по нормативи, по се”.

Можеби ќе дојде таков ден, кога Заев ќе го посоветува некој од таа негова армија премудри и благословени советници, да му каже- дека може сосема поинаку, онака како што никој не сонува.

Видете, мора да постои барем еден од нив, што не клима толку важно и подготвено пред неговиот лидер, кому главата му виси од толку што се расклимала од одењето надолу, кој не се однесува како патетичен безрбетник пред стрелање, добога.

Некој кој ја сака државата повеќе од партијата, некој кој секојдневно не покажува дека дури и семејството и пријателите би ги предал за партиските привилегии и удобности, некој кој некогаш сфатил дека историјата им припаѓа само на тие што навистина нешто добро сториле за државата, кога веќе знаете дека треба да служите за повисоки цели и затоа сте се појавиле ненадејно на овој суров, проклет свет.

Да се случи таков ден, кога се ќе стане обратно од она за што досега било најважно и единствениот пат за успех во животот- да бидат покорни партиски мекотели, од најситните видови и форми, кои исклучиво се снаоѓаат со своето отсуство на интегритет и чест.

Да се проба, макар на еден ден, макар за момент, макар додека помине невидлив миг, но да го запише историјата, да го одбележува како значаен и крупен чекор за човештвото.

Да се дојде до одлука, важна, вистински пресврт за сите нас- во администрацијата да се вработуваат исклучиво луѓе без партиски книшки, без благодарници и признаници од партиите, без лепење плакати и коленичења пред партиските авторитети, да дојде слобода, до дишење со полни гради. Да дојде тој ден, мора да дојде тој ден на наша слобода.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.