Published: Friday, July 3, 2026 00:01
Мирослава Симоновска: Знаете дека детево Ром било прободено 7 пати во Ченто на 22.06.2026?
Денеска прашувам во полиција кај се тие 3 лица осомничени дека го проболе, кои што ги привеле на 22.06.2026. Каде се денес?
Зашто нешто интуитивно ми кажува дека одма ги пуштиле без мерки, дека имаат пасош, можност да влијаат на сведоци, можност да го повторат кривичното дело, одговори нема!!!
Дали 7 убоди со нож не се основ за притвор или барем мерки на претпазливост?
И само да знаете, прободеното дете се плаши да излезе од дома и не сака да се запише во училиште во септември. Мисли дека таму ќе го најдат пак.
И дека ќе го довршат.
На душа ќе носите некого.
Извор: Фејсбук



