Луан Имери: Термините само за жени во јавните базени не се привилегија, туку мерка за пристап и еднаквост.
Тие им овозможуваат на повеќе жени да користат едно јавно добро во услови во кои се чувствуваат безбедно и прифатено.
Во многу демократски држави – како САД, Велика Британија, Швајцарија, Шведска и Норвешка – јавните базени имаат/може да имаат неколку часови неделно резервирани само за жени.
Зошто постојат вакви термини?
– За поголема приватност.
– За да им овозможат пристап на жени кои, одд културни, верски или лични причини, не користат мешани базени.
– За да создадат поудобна средина за почетнички и жени што не се чувствуваат пријатно во мешани групи.
За мене, клучното прашање не е дали вакви термини треба да постојат, туку како да им овозможиме на што повеќе жени еднаков пристап до спорт, рекреација и јавно здравје.
Афирмативните мерки не се привилегија, туку начин да се отстранат реални пречки што им го ограничуваат пристапот на дел од граѓанките. Ако некоја жена не оди на базен затоа што нема соодветни услови, општеството треба да ги намали тие бариери.
Секако, мерките мора да бидат разумни и пропорционални и да не го ограничуваат пристапот на другите. Тие се средство за поголема еднаквост и инклузија, не цел сама по себе.
И уште нешто што ми е особено важно: за вакви прашања не треба повторно мажи да одлучуваат во име на жените. Во креирањето политики мора активно да учествуваат жените, особено оние што се директно засегнати. Вистинската еднаквост значи да им дадеме простор самите да кажат што им е потребно.
Извор: Фејсбук



