НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Некој да му каже на Мицкоски дека прикривање на информации и докази е кривично дело

0
By Marta Pesevska on December 7, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
Зоран Бојаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

После изјава на Мицкоски за една телевизија дека „поседува озбилни информации“ и дека „ќе ги откриел наскоро“, треба да следува реакција на Јавното обвинителство кое треба да го повика и да му каже дека е должен да ги пренесе тиа информации до оваа институција за да помогне колку што може побргу да се расветлат сите деталји за грозоморните убиства.

Ако сега ги има тие информации, зошто најавува дека ќе ги соопшти „за месеци“?!?

Пишува: Зоран Бојаровски

Некој треба да му каже на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека прикривање на информации за истражна постапка којашто е во тек е кривично дело за прикривање докази.

Уште повеќе, тој треба да биде предупреден дека ако тоа се докаже, може да му биде придодадено уште едно кривично, оноа за ширење страв и паника.

Секако, после неговата изјава за една телевизија дека „поседува озбилни информации“ и дека „ќе ги откриел наскоро“, треба да следува реакција на Јавното обвинителство кое треба да го повика и да му каже дека е должен да ги пренесе тиа информации до оваа институција за да помогне колку што може побргу да се расветлат сите деталји за грозоморните убиства.

„За месеци од денеска сето ова ќе биде изнесено на лице пред јавноста и ќе знаат луѓето што направиле овие луѓе. Тие информации што јас ги знам се озбилни“, рекол Мицкоски во јавен настап на телевизијата.

Ако сега ги има тие информации, зошто најавува дека ќе ги соопшти „за месеци“?!?

Она што исто така некој треба да му го каже на Мицкоски е дека злоупотребата на убиство на дете во политички цели е злодело од посебен вид и дека ако се докаже дека тој и другите во ВМРО-ДПМНЕ манипулираат, ќе треба да одговараат.

Додека целата држава се обединува во тагата за изгубените животи на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, опозициската ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови со полна пареа се обидува политикански да се пресметува со политичките противници и да ја користи трагедијата за продавање магла и освојување ситни политички поени.

Тоа е единственото нешто што може да се рационализира од ова однесување на првенците на ВМРО-ДПМНЕ.

Уште од понеделникот, ден по објавувањето на информациите за убиствата, опозициската ВМРО-ДПМНЕ започна со невкусно политиканство и изнесување на дезинформации и шпекулации со цел да собираат политички поени.

Ваквата кампања на опозициската партија продолжува и во текот на неделата, а последно и лидерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Шења изнесе низа тврдења кои покажуваат дека за доаѓање на власт, тој и партијата се подготвени на сѐ.

Ваквата злоупотреба на убиство на 14-годишно дете за политички цели е дополнителна виктимизација за семејството и за колективната траума на општеството, бидејќи во јавноста креира атмосфера на нелагодност и несигурност, нешто на што реагираат и самите граѓани.

Прес-конференциите и изјавите на опозициската партија во кои ја злоупотребуваат трагедијата се мета на остри напади од граѓаните, па дури и нивните симпатизери, кои сметаат дека е невкусно и грозно да се кориси оваа ситуација за политиканство. Граѓаните исто така забележуваат дека најголем дел од обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ им завршуваат со прашалници, свесни дека го користат немилиот настан за собирање евтини политички поени.

Јавноста уште се прашува дали овие изјави на Мицкоски се, всушност, обид да го одврати вниманието на себе си затоа што тој упорно одбива да одговори на прашањата за неговата врска и средбите со осомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорѓиевска и пензионерот Панче Жежовски.

По лидерската средба на 4 декември, Мицкоски беше запрашан од новинарите за неговите средби со Љупчо Палевски и какви се неговите врски со него и неговата партија. „Да се задржиме на темата“ и „Убав ден да имате“ беа единствените коментари на Мицкоски на инсистирањето да одговори дали се среќавал со Палевски и за што разговарале на средбите за кои се тврди дека биле три, една во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и две во неговиот дом.

Порталот Инфомакс тврди дека „за средбите има и сведоци кои се подготвени да говорат јавно и да објаснат за што се разговарало“.

За ваквите средби говореше и Палевски во неколку наврати, кој кажуваше дека се среќавал со лидерот на опозицијата со кој меѓу другото договарале формирање на коалиција и заедничко политичко делување, но и делување во рамки на политичкото подземје.

Ваквите индиции отвораат сомнеж дека постоела некаква спрега помеѓу Мицкоски и Палевски и дека се креирала некаква заедничка платформа во десничарските кругови. Одбивањето на Мицкоски да одговори дали и зошто се среќавал со Палевски фрлаат сомнежи коишто единствено Мицкоски може да ги „разбие“, но тој го избегнува тоа.

Министерот за надворешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во понеделникот кажа дека треба да се стави крај на криминалните гнезда кои се формирани преку политички движења и партии. Министерот додаде дека тие преку правење на политики, политиканство, коалиции, договори, влијанија од надвор сакале да направат дестабилизација.

Ова е особено важно да се има на ум ако се има предвид фактот за трендовите на радикализација на десницата.


Текстот е личен став на Авторот. | Извор: Рацин.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.