Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нелегитимна министерке, сами си признавте што сте сториле!

0
By Нова ТВ on March 23, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Јасминка Ангеловa, поранешен полициски службеник

Нелигитимна министерке, после се што слушнав, не ми треба доказ кој ве снимал! Законски или незаконски!!! Вие сами признавате што сте сториле! Ирелевантни ќе бидат доказните средства од типот на сведоци, кои верувајте, без разлика дали се заштитени-незаштитени, загрозени, сведоци под псевдоним, нема да ве штедат. Да не споменувам вештачења, аудио снимки и електронски записи…

Затоа, нелигитимна министерке ќе ви кажам. Како поранешен полициски службеник, со долгогодишен стаж во областа на економскиот криминал, верувам дека има основи на сомневање (сознанија кои врз основа на криминалистичкото знаење и искуство може да се оценат како доказ за сторено кривично дело), вие нелигитимна министерке да бидете кривично гонета затоа што:

-Во повеќе наврати, во подолг временски период, во повеќе изборни циклуси, сте ја злоупотребиле службената положба и овластување, на начин што искористувајќи ја службената положба на министер за внатрешни работи сте ги пречекориле границите на службените овластувања со тоа што активно сте се вклучиле во вршење на изборниот криминал (член 353 од Кривичниот Законик на РМ – Злоупотреба на службената положба и овластување).

-Како министер за внатрешни работи сте биле свесна за изборниот криминал вршен од страна на припадници на МВР и партиски функционери, дури и сте планирале провоцирање и навлекување на тежок изборен криминал на политички конкуренти и селективно објавување на изборните инциденти (член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување в.в. со член 24 од КЗ– Помагање, член 24 од КЗ – Поттикнување и член 364 – Непријавување на кривично дело).

-Како министер за внатрешни работи сте ја поттикнале на кривично дело односно на „неизвршување на службената должност“ одговорната во секторот за внатрешна контрола, Анета Станчевска, за да се прикријат трагите од изборните насилства на осомниничените полицајци, за кои сте свесна дека биле вклучени во сериозен криминал (член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување в.в. со член 23 од КЗ – Поттикнување).

-Како министер за внатрешни работи сте ја злоупотребиле моќта и државната институција-Министерството за внатрешни работи на Република Македонија противзаконски и противуставно сте го претвориле во штаб на партијата ВМРО ДПМНЕ (член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување).

-Како министер за внатрешни работи сте ја изложиле на подбив и злоупотребиле етничката ромска заедница (член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување в.в. член 137, ст.2 – Повреда на рамноправноста на граѓаните, член 139 ст.3 – Присилба и член 417 – Расна и друга дискриминација).

-Како министер за внатрешни работи сте извршиле повеќе кривични дела против изборите и гласањето и сте биле свесна за сторениот криминал ( член 353 – Злоупотреба на службената положба и овластување в.в. член 158 – Спречување на избори и гласање, член 160 – Повреда на слободата на определување на избирачите, член 162 – Поткуп при избори и гласање, член 164 – Уништување на изборен материјал, член 165 – Изборна измама, член 379 ст.3 – Посебни случаи на фалсификување исправи, член 379-а ст.2 – Компјутерски фалсификат),
со што директно сте овозможиле вршење на нови кривични дела в.в. член 161 – Злоупотреба на избирачкото право (да им бидат издадени лични карти на граѓани од Пустец, со кои тие ќе гласаат на изборите во Скопје и во други места) и најтрагично, сте се обидувале да ги прикрите трагите на извршените кривични дела, што само по себе се нови кривични дела (член 364 – Непријавување на кривично дело и член 365 – Помагање на сторител во извршено кривично дело).

-Вклучувајќи го вашето омилено кривично дело “Злосторничко здружување“ – член 394 од КЗ, како министер за внатрешни работи сте создале група со цел вршење на горенаведените кривични дела, за кои, за само едно кривично дело може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, за што се заканува единствена казна затвор од …
Има уште, се заморив!

Верувам дека еден ден ќе имаме Суд, кој навистина ќе ви суди и пресуди, се` според Уставот и законите.

Но, нелигитимна министерке не се плашете! Можете да ја искористите поволноста што ја нуди новиот Закон за кривична постапка да се спогодите со јавниот обвинител (тоа повеќе од сигурно нема да биде Марко Зврлевски) и ќе добиете поблага казна, по слободна проценка, најмалку од 20-тина години…

Иако МВР апелира да не се објавуваат нови, снимки од „Јутјуб“ повторно ви протекоа на „Сител“…

Нелигитимна министерке, согласно член 258 од Законот за кривична постапка, децидно е утврдено кој е овластениот орган за спроведување на посебните истражни мерки, кој располага со нив и кој има пристап до нив. Тоа се МВР (еден началник и еден-два полициски службеници) јавниот обвинител и судијата на претходна постапка. Не е никаков проблем да идентификувате пет-шест луѓе и да откриете како снимките од ПИМ мерките стигнале до „Јутјуб“.

Сѐ, во согласност со Уставот и законите. Чудни закони изгласавте нелигитимна министерке. Ефективни закони во експресни постапки. Ги наменивте за други. Ќе ги почувствувате вие!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.