Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема абер од обвинителството за смртта на Младенов

0
By Сашка Цветковска on April 26, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Работиме, работиме, кога ќе има нешто ќе соопштиме, ваков одговор дава скопското обвинителство на прашањето до каде се со истрагата за загинувањето на Никола Младенов.

Нова, но и новинари од други редакции прават обиди да добијат повеќе информации, но секретарката во скопското обвинителство која е единствента која разговара со новинарите во отуство на службено лице за односи со јавноста на сите им го дава истиот одговор

“Се уште се работи на предметот , ќе знаете кога ќе има нешто, работи обвинителката”, вели секретарката во скопско обвинителство.

Извори за Нова во обвинителството кои инсистираа да останат анонимни велат дека во обвинителството сега практично не се работи ништо бидејќи сите се окупирани со заминувањето на претходната в.д претседателка Наталија Тасевска во вишото обвинителство и можното назначување нов човек на таа позиција.

“Таму сега има в.д обвинителка на таа позиција, која е пред пензија и во тек е агитирањето и борбата за функции. Јас колку што знам, предметот за кој прашувате не се работи со интензитетот и вниманието кое го заслужува”, вели вработен во обвинителството за Нова.

Обвинителството го превзема предметот два дена откако истражниот судија Јосифов ја затвори истрагата, односно на 11 Април овој месец. Иако беше најавено дека веќе следната недела по превземањето на случајот ќе има информации од страна на обвинителството за јавноста, тоа досега не се случи. Постојат две опции – обвинителството да ја констатира состојбата која од истражниот судија, односно дека се работи за класична сообраќајна несреќа или пак, да побара дополнителни проверки, кои доколку покажат дека има докази за вмешаност на други лица во несреќата, и формално да се побара отворање на кривична истрага.

Семејството на Младенов досега ниту еднаш не било контактирано ниту од истражниот судија, ниту од обвинителството иако утре ќе се наврши еден месец од неговата смрт.

Во овој месец надлежните, барем засега, не направија дополнителни напори да ги одговорат прашањата поврзани со смртта на Младенов кои останаа да висат во воздух.

Како Младенов е лоциран преку мобилниот телефон, а мобилниот не е пронајден?

Дали се побарани телефонските листи од неговите разговори непосредно пред несреќата за да се види каде бил Младенов?

Како е воден случајот од истражниот судија ако се имаат во предвид написите во дел од медиумите кои тврдеа дека самите наоѓале докази (на пример белешки од патарини и делови од автомобилот)?

Како телото на Никола Младенов завршило надвор, на десетина метра од автомобилот и уште поапсурдното – како летнало од задното стакло? Експерти во јавноста веќе излегоа со тврдења дека праксата не познава излетување од задно стакло.

Кога надлежните органи ќе ја покажат скицата на движење на автомобилот?

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.